Дете од четврто одделение донело нож во училиште – мајката тврди дека по грешка го ставила во неговото ранче


Дете од четврто одделение извадило нож во школо во Центар, било проблематично уште од прво. Мајка му рекла дека правела доручек па по грешка го ставила ножот во ранец што е логично исто ко да правела тост па тостерот да му го ставила во ранец. Као службите 4 години работеле со детево глеам јако изработиле. […]

Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки за струја


Општина Центар информира дека општинското трговско друштво Енергија–Центар во 2025 година оствари значајни резултати во производството на електрична енергија од обновливи извори. Во употреба е пуштена фотонапонската централа на ООУ „Киро Глигоров“, со инсталирана моќност од 396 kW и генераторска сила од 384 kW. Централата веќе овозможува пониски сметки за електрична енергија и беше високо […]

Паднаа дрва врз оградата на ОУ „Киро Глигоров“ – за среќа, нема повредени


  Утрово, во близина на ОУ „Киро Глигоров“ во скопски Центар, падна едно многу високо дрво и уште едно помало, но за среќа нема повредени. Паѓањето на дрвата веројатно е резултат на обилните врнежи на дожд во последните 24 часа. Сообраќајот во тој дел од градот, по улицата „Васил Ѓоргов“ е во колапс. Екипи на […]

Лажна дојава за поставена бомба во ООУ „Киро Глигоров“


Општина Центар ги информира граѓаните дека станува збор за лажна дојава која утринава преку електронска пошта стигна на адреса на училиштето. Веднаш по добивање на веста случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што од училиштето евакуирани се сите ученици. Родителите на децата од помалите одделенија се известени и истите се повикани да […]

Герасимовски: Фудбалското игралиште во ООУ „Киро Глигоров“ нема да се дава под закуп


Фудбалското игралиште во училишниот двор на ООУ „Киро Глигоров“, кое училиштето со договор го отстапи на користење на приватна компанија, ќе остане во постојната состојба и нема да се дава под закуп. Овој заклучок произлезе од денешната средба помеѓу градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претставниците на компанијата која го имаше склучено договорот за […]

Бетонското игралиште во ОУ „Киро Глигоров“ ќе било изнајмено само на неколку часа


  ОУ „ Киро Глигоров“ Центар, Скопје во целост ги демантира информациите кои се поврзани со постапката за отстапување на користење на бетонското фудбалско игралиште во дворот на училиштето. „Потенцираме дека на бетонското фудбалско игралиште ќе нема поставување на никаков придружен објект, кој ќе се користи за други намени, како што известија дел од медиумите. […]