Премиерот на Онтарио ја суспендираше одлуката за поскапа струја – следуваат нови трговски преговори со САД


Премиерот на канадската покраина Онтарио, Даг Форд, денеска изјави дека привремено го суспендира планираниот намет од 25 отсто за извоз на електрична енергија во САД, откако американскиот секретар за трговија, Хауард Латник, се согласи на обновени трговски преговори. Форд рече дека имал „продуктивен разговор“ со Латник во врска со економските односи меѓу САД и Канада. […]

Онтарио против Трамп: Нема повлекување додека не се укинат сите американски царини кон Канада


Онтарио „нема да се повлече“ сè додека американскиот претседател Доналд Трамп не ги укине сите царини за канадските производи, изјави премиерот на оваа канадска покраина Даг Форд. „Претседателот Трамп започна неиспровоцирана трговска и царинска војна со најблискиот пријател и сојузник на Америка“, напиша Даг Форд на платформата Икс. „Додека не исчезне заканата од тарифите засекогаш, […]

Онтарио ја зголемува цената на струјата за Американците, им се заканува со исклучување


Канадската покраина Онтарио денеска објави дека веднаш ја зголемува цената на електричната енергија за 25 проценти за американските домаќинства, како одговор на царините што неодамна ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп. Премиерот на Онтарио, Даг Форд, најави дополнителна такса за извозот на електрична енергија, која ќе погоди околу 1,5 милиони американски домови и компании што […]

„Прв круг на одмазда“: Онтарио ги отстранува американските пијалоци од полиците


  Премиерот на најбројната канадска провинција Онтарио, Даг Форд, рече дека Одборот за контрола на алкохол во Онтарио (ЛЦБО) отстранува повеќе од 3.600 марки на алкохолни пијалоци произведени во Америка како дел од својот „прв круг одмазда“ против високите царини на американскиот претседател Доналд Трамп за канадски стоки. „Како ексклузивен продавач на големо, американските брендови […]