„Патот на свилата“ на сплотеноста и културното разбирање – омаж за Омер Калеши


Во својот богат творечки опус  Калеши до крајот на животот останува доследен на своите корени. Фокусирајќи се на ликот на обичниот човек, нагласувајќи ја главата, како симбол на човековиот дух. Човек кој го бранеше достоинството на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања, наспроти наметнатите разединувања. Калеши секогаш беше присутен во Македонија и чувствуваме дека токму овој период […]

Омаж за Омер Калеши во Чифте амам


Во чест на сликарот Омер Калеши претпладнево во Чифте амам ќе се организира омаж во организација на Националната галерија и во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје и членови од семејството на Калеши. Изложбата ќе содржи околу 30 дела на Калеши во техника масло на платно и истата ќе биде отворена до крајот на […]

Омаж за Омер Калеши во Чифте амам (1932, с. Србица- 16.4.2022, Истанбул) 


Националната галерија организира омаж за почитуваниот и ценет сликар Омер Калеши, кој почина во април годинава, по подолго боледување. Изложбата во негова чест, ќе биде отворена во Чифте амам, на 16 јуни , во 12 часот. Изложбата се организира  во соработка со Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје и членови од семејството на Омер Калеши. На отворањето на […]

Спомен-соба за уметникoт Омер Калеши во Центарот за култура во Кичево


Центарот за култура „Кочо Рацин“ од Кичево за да му се оддолжи на штотуку починатиот уметник Омер Калеши (1932-2022), роден во кичевското село Србица, планира да отвори галерија-музеј со дела создадени од големиот уметник, кој последните пет децении од својот живот ги помина во Париз. -Идејата стара повеќе од десетина години на познатиот уметник родум […]

Почина сликарот Омер Калеши


По подолго боледување денеска во Истанбул почина уметникот Омер Калеши, на 90-годишна возраст. „Тој беше исклучително позитивен пример за духовен свет врзан за вредностите на Балканот, човек кој што ги бранеше достоинствата на убавината на балканската цивилизација и сите културолошки соединувања наспроти наметнатите разединувања“, стои во објавата на Националната галерија, која во својата постојана поставка […]