„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонија
Оркестарот на Филхармонија вечер, во 20 часот, ќе го одржи концертот насловен „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамки на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“. Концертот е посветен на големиот македонски композитор, а диригент е Џијан Емин. Концертот е хуманитарен, а парите од билетите ќе бидат донирани на Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија […]