Евакуација на луѓето на Ајфеловата кула, неколку часа пред затворањето на ОИ


 Француските власти ги евакуираа луѓето на Ајфеловата кула откако маж беше забележан како се искачува на историската знаменитост неколку часа пред церемонијата на затворање на Олимписките игри во Париз. Човекот попладнево бил забележан како се качува на кулата од 330 метри. Не е јасно каде го започнал своето искачување, но бил забележан веднаш над олимписките […]

„Македонско девојче“ се пееше во Париз: Еве како српските кошаркари ја прославија бронзата


Популарната песна „Македонско девојче“ се слушна во Париз на прославата на српските кошаркари за освоената олимписка бронза. Српскиот кошаркарски ас Никола Јокиќ заедно со другите од репрезентацијата прославувале во кафуле во Париз, при што изнајмиле и пејач на народни песни. pic.twitter.com/Fx0s7WRNKh — o’lakovas (@turuptup) August 11, 2024 Во еден момент, селекторот Пешиќ ја запеал „Македонско […]

Ракометарите на Данска и Германија во олимпиското финале


 Во финалето на ракометниот олимписки турнир ќе играат Данска и Германија. Данците во драматично полуфинале синоќа ја победија Словенија со 31-30, додека Германците ја совладаа Шпанија со 25-24. Данска водеше од првата до последната минута, во некои моменти и со шест разлика, но Словенија полека ја намалуваше негативата и минута до крајот дојде со само […]

Егоров и Релиќ денеска настапуваат на Олимписките игри во Париз


На Олимписките игри во Париз денес ќе настапат двајца македонски натпреварувачи. Во борење слободен стил категорија до 57 килограми ќе се појави Владимир Егоров. Тој ќе има борба со Аман Шерават од Индија. Почетокот на борбата е околу 11:30 часот Во таеквондо, категорија до 57 кг, нашата Милјана Релиќ ќе се соочи со олимписката шампионка […]

Извонредниот Кинез Пан го собори светскиот рекорд на 100 метри слободно за дури 40 стотинки


Петтиот ден од натпреварите во пливање на Олимписките игри во Париз го донесе и првиот светски рекорд во базенот Ла Дефенс, а го постигна 19-годишниот Кинез Жанле Пан на 100 метри слободно, додека домашниот претставник, 22-годишниот Леон Маршанд, освои злато на 200 метри пеперутка и 200 метри градно. Младиот Пан ја декласираше конкуренцијата во финалето, […]

И второто злато на ОИ 2024 за Кина


Кинезите Чен Јивен и Чанг Јани победија во синхронизирани скокови во вода од три метри на Олимписките игри во Париз. Тие на својата земја и го донесоа второто злато. Претходно во текот на денот Кина победи во стрелаштво со воздушна пушка од 10 метри мешани двојки. Второто место на денешните скокови го освоија Сара Бејкон […]

Зошто Ѓоковиќ го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ очекувано го пропушти свеченото отворање на Олимписките игри во Париз. Причината е повеќе од јасна – тој веќе в сабота има настап во првото коло, кога ривал ќе му биде Австралиецот Метју Ебден. Двајцата околу 13 часот и 30 минути ќе се најдат на теренот на стадионот „Филип Шатрије“. Свеченото отворање […]

Почнуваат квалификациите за последните четири слободни места на кошаркарскиот олимписки турнир


 Во Атина (Грција), Рига (Летонија), Валенсија (Шпанија) и Сан Хуан (Порторико) од денес до 7 јули ќе се играат квалификациски турнири за пласман на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Париз. Вкупно 24 репрезентации поделени во осум групи ќе тргнат поход кон едно од слободните места за Олимпијадата. Секоја од нив ќе одигра по два […]

Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ


Олимписките и Параолимписките игри треба да генерираат економски придобивки во износ меѓу 6,7 и 11,1 милијарди евра за Париз и регионот Ил де Франс. Ова го пресметаа Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) и Организацискиот комитет на игрите во Париз во студија која денеска ја објави Центарот за право и спортска економија (ЦДЕС). Студијата содржи ажурирани податоци […]

Франција вложува 1,4 милијарди евра за чиста Сена за време на ОИ 2024


Реката Сена треба да биде местото каде за време на летните Олимписки игри идната година во Париз треба да се натпреваруваат пливачите маратонци, како и триатлонците, а организаторот на Игрите вложува големи средства за сè да мине во најдобар можен ред. Организаторите на Олимписките игри 2024 во Париз најавија денеска дека ќе вложат 1,4 милијарди […]

Пет нови спортови на Олимпијадата во Лос Анџелес – крикетот се враќа по еден век


Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) вклучи пет нови спортови на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. IOC Session approves @LA28’s proposal for 5⃣ additional sports: ⚾Baseball/🥎softball, 🏏cricket, 🏈flag football, 🥍lacrosse and ⚫squash have been officially included as additional sports on the programme for the Olympic Games Los Angeles 2028. #LA28 pic.twitter.com/y7CLk2UEYx — The Olympic […]

Макрон: Не може да се вее руско знаме на ОИ во Париз


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска за парискиот спортски весник „Л’Екип“ изјави оти „не може да има руско знаме на Олимписките игри (ОИ) во Париз во време кога Русија извршува воени злосторства“. – Очигледно не може да има руско знаме на Игрите во Париз, верувам дека постои консензус, бидејќи на Русија не ѝ местото на ОИ […]

Триесет и пет држави против руско учество на ОИ 2024


– Група од 35 држави, вклучувајќи ги САД, Германија и Австралија, бараат да им биде забранет настап на руски и белоруски спортисти на Олимписките игри 2024 во Париз, изјави синоќа литванската министерка за спорт Јургита Сиугздиниене. Овој чекор го засилува притисок врз Меѓународниот олимписки комитет (МОК), кој очајнички настојува да избегне најголемиот спортски настан во светот да […]

Организаторите на ОИ во Париз објавија популарни цени за влезниците


Организаторите на Олимписките игри во Париз 2024 ја презентираа денеска својата стратегија за продажба на влезниците, објавувајќи оти половина од вкупниот број билети ќе се продаваат во текот на идната година по популарни цени, кои нема да надминат повеќе од 50 евра. Во продажба ќе се најдат 13.4 милиони влезници, од кои десет милиони за Олимписките игри и 3.4 милиони за […]