Нубаја Гарсија и Питер Сомуа вечерва на „Џез вечерите“ на „Охридско лето“


Една од водечките фигури на новата британска џез-ренесанса, саксофонистката и композиторка Нубаја Гарсија и западноафриканскиот трубач Питер Сомуа со својот состав вечерва се главните имиња на третата „Џез вечер“ што се одржува во рамки на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. За двата концерта резервирана е фестивалската сцена „Долни Сарај“, а вечерта ќе ја отвори […]

Пијанистката Кристијана Пегораро ќе ја одбележи Италијанската вечер на „Охридско лето“


Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со Италијанската вечер, на која ќе настапи една од најистакнатите пијанистки на денешницата, Кристијана Пегораро. Опишана од „Њујорк Тајмс“ како „уметница од најголем калибар“, Пегораро настапува во најпрестижните концертни сали во Европа, САД, Јужна Америка, на Блискиот Исток, во Азија и Австралија. Во својата богата кариера свирела пред италијанските […]

Балетот „Митот за Амазонките“ со уметниците на грчкиот „АРТ денс театар“ вечерва на „Охридско лето“


Програмата на годинешното 66 издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува вечерва со балетот „Митот за Амазонките“ во изведба на театарската и балетска компанија „АРТ денс“ од Грција. „Митот за Амазонките“ е танцов перформанс што  се базира на античкиот грчки мит за Амазонките, со музика специјално компонирана за оваа претстава. Амазонките биле митска раса на жени […]

Спектакл под свеќи: „Профундис“ и Пејчиќ приредија безвремено музичко патување


Спектакл под свеќи исполнет со многу емоции приреди Камерниот оркестар „Профундис“ и младиот виолончелист Петар Пејчиќ преку концертот што вчеравечер го организира НУ „Охридско лето“. Бројната публика што ја исполни големата сала во Македонската филхармонија во Скопје ги награди уметниците со бурни оваации и повеќе бисеви. Безвременото музичко патување насловено „Timeless“ под диригентската палка на […]

Полска вечер на „Охридско лето“ со уметниците од хармоникашкото „Моушн трио“


 Музичката програмата на годинашното 65. издание на Фестивалот „Охридско лето“ ќе биде заокружена со концертот на „Моушн трио“ и уметниците Јануш Војтарович, Павел Баранек и Марчин Галажин на хармоника. Полското трио хармоники со името „Моушн трио“ е познато по нивниот специфичен начин на комбинирање на страста која извира од традицијата на музиката од Источна Европа […]

Британска вечер на „Охридско лето“ со маестро Џек Либек на виолина во пијано придружба на Катја Апикшева


Британската вечер на „Охридско лето“ ќе ја одбележи концертот насловен „Романсата се уште не е мртва“ со маестро Џек Либек на виолина, во пијано придружба на Катја Апикшева. За британско-германскиот виолинист и уметнички директор Џек Либек специјализираното списание „Би-Би-Си мјузик“ пишува дека поседува „беспрекорно техничко мајсторство“ и „прекрасен филигрански тон“. Либек е професор по виолина […]

Кинеска вечер на „Охридско лето“ со уметниците Јуе Гуангхуи и Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву и пијанистката Хоу Јуан


Во рамки на кинеската вечер вљубениците во класичната музика вечерва на „Охридско лето“  ќе можат да уживаат во музицирањето на уметниците  Јуе Гуангхуи и  Ванг Веи на флејта, мецосопранот Аи Ву, во пијано шридружба на маестра Хоу Јуан. Јуе Гуангхуи започнува да учи пијано на четиригодишна возраст, а на десетгодишна возраст се префрла на изучување […]

Грчка вечер на „Охридско лето“ со пијанистката Данае Доркен


Музичката програма на Фестивалот „Охридско лето“ оваа вечер ја има резервирано за солистичкиот концерт на германската пијанистка со грчко потекло Данае Доркен. Доркен е една од најбараните уметници на нејзината генерација, позната по нејзината неверојатна техника, фантастична сценичност и длабочина на музичката мисла. На само седумгодишна возраст, Данае Доркен веќе била поддржувана од познатиот Јехуди […]

Италијанска вечер на „Охридско лето“ со Филхармоника Болоња


Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ повторно се враќа на музиката, овојпат со италијанската вечер и концертот на Филхаромонискиот оркестар на театарот во Болоња. Филхармонискиот оркестар на театарот во Болоња е основан во 2008 година од дел од музичарите на оперскиот оркестар. Нивната мисија е да ја промовираат класичната музика во Болоња, притоа гарантирајќи […]

Турскиот театар премиерно со театарската претстава „Амадеус“ вечерва на „Охридско лето“


 Во рамки на драмскиот дел на „Охридско лето“ вечерва премиерно ќе биде изведена драмата „Амадеус“ на авторот Петер Шафер, режија на Андреј Цветановски, а во изведба на Националата установа „Турски театар“ од Скопје. Режисерот Цветановски за претставата вели дека талентот како категорија се оценува и проценува низ текот на историјата и претставува вредна особина на […]

На „Охридско лето“ целовечерен концерт со турскиот ансамбл „Реј“


Програмата на годинешното издание на „Охридско лето“ продолжува вечерва со содржина од музичкиот дел, со концертот на ансамблот „Реј“ од Турција и уметниците Ирем Бурша Бајир – мецосопран, Шениз Ердинч – сопран, Артур Багдасароглу – баритон, Берк Озбек – тенор во пијано придружба на Алпер Акгул. Турскиот ансамбл „Реј“ го сочинуваат етаблирани музичари докажани на […]

Ѓорѓи Јолевски со моќна порака од Охрид: „Во свет на војни, уметноста не е луксуз — таа е нужност“


Уметничката порака на свеченото отворање на најпрестижниот културен настан во нашата земја, „Охридско лето“, што започна викендов во Охрид, годинава ја пренесе првенецот на Македонскиот народен театар – Скопје, актерот и режисер Ѓорѓи Јолевски. Во инспиративниот говор, тој меѓу другото рече дека „во свет на војни, уметноста не е луксуз — таа е нужност“, како […]

Чешка вечер на „Охридско лето“ со пијанистот Лукаш Вондрачек


На програмата на „Охридско лето“ вечерва е солистичкиот концерт на чешкиот пијанист Лукаш Вондрачек. Вондрачек е неприкосновент победник и носител на наградата Гран при на Меѓународниот натпревар „Кралица Елизабета“ во 2016 година. Тој повеќе од две децении патува низ светот настапувајќи со најпознатите светски оркестри. Меѓу нив, оркестрите во Филаделфија, Бостон, Кливленд, Чикаго, Балтимор, Лос […]

Музичка вечер на „Охридско лето“ со концертот на уметниците од „Квинтето Адриатико“


По вчерашната премиерна изведба на „Кралот Лир“ во рамки на Америкнаската вечер, фестивалската програма на „Охридско лето“ продолжува вечерва со музичка содржина, преку концертот на уметниците од „Квинтето Адриатико“. Ансамблот „Квинтето Адриатико“ е нов проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и Хрватско-македонскиот контрабасист и долгогодишен соработник на фестивалот „Охридско лето“, Илин […]

Вечер со гитарата на маестро Герхарт Рајхенбах на „Охридско лето“


Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди целовечерен концерт на германскиот уметник на гитара, Герхарт Рајхенбах. Рајхенбах е еден од водечките германски класични гитаристи. Дебитира како солист во 1980 година во Дизелдорф, а на меѓународната сцена за прв пат настапува во 1990 година на Фестивалот за гитара во Волос, Грција. Од тогаш, повеќе од […]

„Охридско лето“: Шарм, свежина и виртуозност со класичната музика на триото „Векандо“


Композиции од Едвард Григ, Фазил Сај, Дмитриј Шостакович и Морис Равел беа вчеравечер на репертоарот на 63-тото „Охридско лето“ преку извонредната изведба на младите но виртуозни музичари од турското трио „Векандо“. Турската вечер на „Охридско лето“, на подиумот во црквата „Света Софија“ ги донесе виолинистот Верико Чумбуридзе, виолончелистот Дорукан Дорук и пијанистот Џан Чакмур кои […]

Вечер на Украина во рамките на „Охридско лето“ со пијанистот Алексеј Ботвинов


Музичката програма на годинешното 63-то издание на фестивалот „Охридско лето“ продолжува со украинската вечер во чии рамки ќе одржи солиситички концерт на пијанистот, маестро Алексеј Ботвинов. Алексеј Ботвинов е исклучителен пијанист, музички иноватор и продуцент. Тој е еден од најзначајните украински пијанисти и се смета за еден од најдобрите интерпретатори на музиката на Сергеј Рахмањинов. […]

Француското дуо на пијано Дезомбре – Леклер вечерва на „Охридско лето“


Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер. Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада, каде студира пијано, пијано-придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во […]

На „Охридско лето“ денеска пијано рецитал на Френк Дупре и претставата „Ана Каренина“ на Театарот од Нови Сад


 За денеска во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ на понуда се две интересни содржини – во музичкиот дел пијано рецитал на германскиот пијанист Франк Дупре и во драмскиот дел театарската претстава „Ана Каренина“ во изведба на Новосадскиот театар. Пијанистот Франк Дупре е  добитник на наградата „Опус Класикс“ за снимка на годината во категоријата Концерти во […]

Концерти на Ансамблот „Елиас Ладино“ и на грчкиот гудачки квартет „Емилиос Риадис“ на „Охридско лето“


Десеттиот ден на програмата на годинешното „Охридско лето“ ќе понуди две интересни музички содржини, со концертите на ансамблот „Елиас Ладино“ и Грчката вечер во чии рамки е концертот на квартетот „Емилиос Риадис“ Првиот концерт е од 19 часот во Предворјето на „Света Софија“, со настапот на ансамблот „Елиас Ладино“, во состав Ден Елиас на кларинет, […]