Непрооден патот Охрид-Св. Наум: На коловозот има 30 см длабока вода
Од ноќеска по 3 часот непрооден е дел од патниот правец Охрид-Свети Наум, во близина на стовариште „Митко“, каде на десната коловозна лента во правец на Охрид, има околу 100 метри вода длабока до 30 сантиметри. Сообраќајот се пренасочува по левата коловозна лента, а за проблемот е известено Јавното претпријатие Македонија Пат, информира АМСМ. Според извештајот на АМСМ, сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози. АМСМ препорачува прилагодена […]