МЗ: И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен за двегодишното дете


И покрај максималните напори на медицинскиот тим, исходот беше трагичен, истакнуваат попладнево од Министерството за здравство во врска со случајот со двегодишното дете повредено во новогодишната ноќ. – Двегодишното детето беше примено на Ургентниот центар, а поради сериозноста на состојбата беше згрижено на Клиниката за неврохирургија, на одделот за интензивна нега, се интубираше, поставено на […]

Пронајдени и одземени околу 35 тони пиротехника


Вчерашната оперативна акција на полицијата во која пронајдени и одземени се околу 35 тони пиротехнички средства е доказ дека Министерството за внатрешни работи решително и одлучно влезе во борба особено со организиран криминал, нагласи денеска ресорниот министер Панче Тошковски. По промоцијата на 120 нови возила на македонската полиција во кругот на МВР, одговарајќи на новинарски […]

Најмалку 19 повредени за време на огномет на фестивал во Диселдорф


Најмалку 19 лица се повредени синоќа, вклучувајќи и едно дете за време на огномет на фестивалот „Рајнкирмес“ во Диселдорф. Несреќата се случи кога пиротехничко средство експлодира во публиката, соопштија локалните власти. Според полицијата и противпожарните служби, меѓу повредените имало најмалку едно дете, а четворица од повредените се здобиле со тешки повреди, пишува „Билд“. Сведоци тврдат […]

Приведени лицата кои синоќа палеа огномет во Скопје во денови на жалост


Полицијата синоќа привела двајца 18-годишници од Скопје кои запалиле огномет на роденденска прослава организирана во угостителски објект во Градскиот парк, со што не ја почитувале одлуката на Владата за седумдневна жалост поради трагедијата во Кочани. -На 19 март 2025 околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет […]

И покрај лошото време, Лондон имаше спектакуларен огномет (видео)


Десетици илјади луѓе ја дочекаа 2025 година на бреговите на реката Темза додека Лондон му пркосеше на времето со спектакуларен огномет. Британската метеоролошка служба издаде бројни временски предупредувања за новогодишната ноќ низ целата земја, речиси за сите региони. Лошото време доведе до откажување на прославите на отворено во Единбург и други места низ Велика Британија, […]

СВР Скопје заплени повеќе од 40.000 парчиња пиротехника на Бит Пазар


По претходно изготвен план од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје за контрола на Бит Пазар, вчера се лишени од слобода две лица, а пронајдени се над 40.000 парчиња пиротехника, тутун и цигари без бандероли. МВР денеска соопшти дека кај Б.И. (47) од с. Студеничани пронајдени се 11.604 пиротехнички […]

Кога Американците ќе претераат: Наместо мал огнометот, општ хаос (видео)


  Семејство од Небраска (САД) организираше огномет на патеката пред дворот на нивната куќа за да го прослави Денот на американската независност, но прославата брзо се претвори во општ хаос кога пиротехничките средства експлодираа на земја, ракети полетаа кон посетителите на забавата и автомобилот паркиран пред куќата пламна. Целиот хаос го снимила безбедносна камера поставена […]

Експлозија во работилница за огномет – седум мртви (видео)


Во експлозија во нелегална работилница за огномет во централно Мексико, седум лица загинаа, а 15 се повредени, соопштија денеска локалните власти. „Експлозијата се случи во куќата каде што се произведуваа и складираа пиротехнички средства за огномет“, се вели во соопштението на мексиканската цивилна заштита. Според првичните информации, седум лица загинале, а 15 се повредени во […]

Загреб без огномет за Нова година


Хрватскиот главен град Загреб ја прифати иницијативата на здружението „Пријатели на животните“ и за прославата на Нова година нема да организира огномет. Наместо тоа, граѓаните на централниот плоштад ќе ја дочекаат Новата година со шарени конфети, визуелни ефекти и богата музичка програма. Со оваа одлука, градот Загреб ја прифати иницијативата, која претходно ја поддржаа повеќе […]

Унгарија ги разреши метеоролозите. Најавија дожд, огнометот се одложи, не заврна


  Унгарските власти ги отпуштија шефовите на метеоролошката служба откако погрешно беше најавено лошото време, поради што беше одложен големиот огномет, јавува Би-би-си. „Најголемиот огномет во Европа“ беше закажан за сабота навечер во Будимпешта, на денот на Свети Стефан, националниот празник на Унгарија. Планирано е да се испукаат 40.000 парчиња пиротехника од 240 точки распослани […]

Фотограф фати стотици огномети над Мостар


  Многу граѓани на Босна и Херцеговина и регионот Новата година ја дочекаа во Мостар, а градот на Неретва на самиот премин од новата во старата година изгледаше светски. Тоа го посведичи и фотографијата на мостарскиот фотограф Марко Слико Рагуж, кој на полноќ успеа во еден кадар да фати стотици огномети над најголемиот херцеговски град.

(Видео) Како се дочекува Новата година во светот


По уште една турбулентна и пандемиска година оптоварена со многубројни ограничувања, зголемен број случаи на заболени од коронавирус, светот полека влегува во 2022 година. Најисточните земји во светот веќе го прославија влезот во 2022 година. Некаде дочекот беше о огномет, а во повеќе земји прославите се откажани поради антиковидд мерките. Хина пренесува како се дочека […]

Германците нагрнаа во Полска да купуваат петарди и огномети


  Германците кои се обидуваат да ѝ пркосат на владината забрана за домашна продажба на огномет пред новогодишните прослави, во колони се упатуваат преку границата кон полските продавници и фабрики. Овој месец беше објавена забрана втора година по ред во обид да се спречат големите собири за време на пандемијата и да се олесни товарот […]