Најмалку три лица се повредени во руски напад врз Одеса


Најмалку три лица се повредени во синоќешниот напад врз украинскиот пристанишен град Одеса, соопшти гувернерот на украинскииот црноморски регион Олех Кипер. „Како резултат на непријателскиот напад на Одеса, избувнаа неколку пожари, предизвикани од паѓање на делови од ракетата. Прозорците на зградите се скршени од силината на експлозијата“, напиша Кипер на својот профил на Телеграм. Одеса […]

При руски напад врз пристаништето Одеса уништен хангар со жито


Напад со руски беспилотни летала е извршен врз пристанишната инфраструктура во регионот Одеса, јужна Украина, каде е уништен хангар за жито, соопшти денеска украинската оперативна команда за југот на земјата. – Нападот со беспилотни летала Шахид 136, насочени кон пристанишната инфраструктура, траеше речиси четири часа. Оштетени се хангар за жито и објекти за складирање на […]

Трета ноќ по ред Русија ја тероризира Одеса со крстосувачки ракети


  Русија трета ноќ по ред ги нападна јужните градови на Украина, вклучително и пристанишниот град Одеса, со беспилотни летала и ракети во бранот напади што уништи дел од критичната инфраструктура за извоз на жито во земјата. Најмалку две лица во Одеса беа убиени во нападите, кои се случија неколку дена откако претседателот Владимир Путин […]

Одеса повторно цел на руски напади


Пристанишниот град Одеса на југот на Украина ноќеска повторно цел на руски напади, пренесе ДПА. Според извештаите на локалните медиуми, во градот се слушнале експлозии, а активна била и воздушната одбрана. Русија веќе го погоди регионот Одеса на Црното Море со воздушни напади во понеделникот вечерта. Министерството за одбрана во Москва подоцна ги потврди нападите. […]

Киев: Во руски ракетен напад врз Одеса оштетена пристанишната инфраструктура


Во најновиот руски ракетен напад врз Одеса во текот на ноќта оштетена е пристанишната инфраструктура, јавија локалните украински власти.  До нападот врз Одеса дојде само неколку часа по истекот на договорот за извоз на украинско жито. „Шест ракети од типот „калибар“ беа лансирани од Црното Море врз Одеса“, се наведува во соопштението на украинската оперативна […]

Руска ракета ја погоди Одеса, сирени низ цела Украина


Руска ракета го погоди пристанишниот град Одеса, јавија странските агенции. Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Неколку украински региони денеска се во состојба на готовност поради ракетни напади, а сирените за воздушен напад се огласија во Одеса, Полтава, Днепропетровск, Суми и Николаевската област, како и делови од Кировоградската област. Исто така, сирените […]

Евтините ирански дронови ѝ помагаат на Русија да ја тероризира Одеса


  По неколкумесечни удари на бојните полиња на Украина од американски беспилотни летала и ракетни системи со поголем дострел, Русија возвраќа со нова нејзина – напаѓајќи го јужниот пристанишен град Одеса речиси секојдневно со крилести проектили од Иран. Тоа ги натера некои Украинци повторно да почнат да бегаат од Одеса за прв пат од пред […]

Првиот брод со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса


  Првиот брод со жито што го напушти украинското пристаниште Одеса според договорот со посредство на ОН за обезбедување безбеден премин низ Црното Море, тргна во понеделник наутро, според украинските и турските власти. „Првиот [украински] брод со жито по #руската агресија го напушти пристаништето“, напиша украинскиот министер за инфраструктура Олександр Кубраков на Твитер, заблагодарувајќи им […]

Русите гаѓаат со ракети на сите фронтови во Украина


  КИЕВ – Русија ги нападна црноморските региони на Украина, Одеса и Миколаев, со воздушни напади во вторникот, погодувајќи приватни згради и пристанишна инфраструктура долж јужниот брег на земјата, соопшти украинската војска. Силите на Кремљ користеле ракети од воздух во нападот, соопшти Украинската оперативна команда Југ во објава на Фејсбук. Во регионот на Одеса, голем […]

Москва ќе дозволи извоз на жито од пристаништето Одеса


 Руската Влада планира да им дозволи на бродовите што превезуваат жито да го напуштат пристаништето Одеса, во Украина, со што ќе ја ублажи блокадата која предизвика страв од недостиг на храна и глад, пренесува ДПА. Руските власти се договориле со Киев и Анкара за шема за ослободување на пратки со жито од Одеса, која беше под блокада, […]

Во ракетирањето на Одеса убиен тинејџер


Станбена зграда и црква во црноморското пристаниште Одеса во југозападна Украина беа погодени од ракетен напад синоќа, при што загина момче на возраст од 14 години, соопштија властите, пренесува Скај Њуз. Пет лица биле во станбената зграда кога ракетата паднала, изјави претставник на пристанишниот град . Едно 17-годишно момче е пренесено во болница. Официјалниот претставник рече […]

Одеса: Русите погодија стратешки важен мост во југозападна Украина


Руски ракети денеска погодија стратешки важен мост на Днестарска делта во областа Одеса во југозападна Украина, соопштија локалните власти. Мостот, кој, според „Ројтерс“, веќе два пати бил погоден од руските сили, е единствената копнена и железничка врска на украинска територија во јужниот дел на областа Одеса. Портпаролот на локалните власти во областа Одеса, Серхиј Брачук, извести […]

Проектил го погоди аеродромот во Одеса и ја оштети пистата


Руските сили извршија ракетен напад на аеродромот во Одеса, при што пистата е оштетена и сега е неупотреблива, соопшти денеска украинската армија. Украинските медиуми повикувајќи се на очевидци јавуваат дека во Одеса одекнале неколку експлозии, откако се огласиле сирените за воздушниот напад. 

Одеса и Украина што требаше да биде


Инвазијата на Владимир Путин на Украина доведе до вртоглаво покачување на цените на многу стоки. И тоа не е само нафта и гас. Од хуманитарен аспект, зголемената цена на храната, особено на пченицата, може да биде уште поголем проблем. Пред војната, Русија и Украина произведуваа речиси четвртина од светската пченица, а голем дел од неа […]

Грција ќе биде дел од обновата на Одеса


Грција – Единственото нешто што можам да го кажам во моментов, во овие тешки времиња е дека ќе бидеме дел од иднината, помагајќи ви да го реконструирате овој град и да го направите уште поубав, уште подобар, рече министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас на средбата во Одеса со вицепремиерката за европска и […]

Русија: Во Одеса уништени се рафинерија за нафта и три складишта за гориво


Министерство за одбрана на Русија соопшти дека руските сили уништиле рафинерија за нафта и три складишта за гориво со високопрецизни морски и воздушни ракети во регионот на Одеса. Се наведува дека нападнатите објекти ги користише Украина за снабдување на своите војници лоцирани во близина на градот Миколаев. Претходно, украинските власти соопштија дека во нападот нема […]

Во Одеса погоден „критичен инфраструктурен објект“


Портпаролот на регионалната администрација Сергеј Братчук изјави дека утрово е погоден еден од „критичните инфраструктурни објекти“ во Одеса. – Се надевама дека нема жртви, посочи Братчук. Одеса утрово ја погодија серија експлозии, а има најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море.

Серија експлозии во Одеса


Серија експлозии утрово предизвикаа бројни пожари на различни места во украинскиот град Одеса, изјавија локалните жители. Експлозиите предизвикаа најмалку три големи пожари во индустрискиот дел во стратешкото пристаниште во Црно Море. Сè уште нема официјални информации за тоа што се случува во градот.

Одеса здивна – руските бродови се повлекоа


  Среде гласните сирени за воздушни напади, неизбежните контролни пунктови и честите патроли кои кружат низ градот и сеприсутните стравови од руски напади, историското и космополитско пристаниште на Украина во Одеса полека се обидува да ја врати својата славна релаксација, како да се работи за уште едно оружје во борбата против Кремљ. „Музиката е живот. […]

Зеленски предупредува дека Русија се подготвува да ја бомбардира Одеса


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска, во телевизиско обраќање до нацијата, изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море. -Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство, рече тој во обраќањето. Зеленски вчера во видео порака кажа дека руската армија не ги постигна своите цели, а во […]