Промоција на книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ на Мојсова-Чепишевска


Во Културно-информативниот центар – Скопје (КИЦ), денеска ќе биде промовирана книгата „Од ’Црвенкапа’ до ’Џинџуџе’“ од универзитетската професорка и книжевна критичарка Весна Мојсова-Чепишевска, во издание на „Панили“. Наместо класична промоција, книгата ќе биде претставена преку разговор меѓу авторката и Елена Ѓорѓиовска, нејзина поранешна студентка и авторка на магистерски труд посветен на македонската книжевност за деца. […]