Руски Росатом е подготвен да ѝ понуди на Србија мали и големи нуклеарни централи


Руската државна агенција за нуклеарна енергија, Росатом, е подготвена да и понуди на Србија мали нуклеарни централи и енергетски блокови со голем капацитет, објавија српски медиуми.  „Росатом е подготвен да им понуди на своите српски партнери комплетен спектар на решенија: од нуклеарни електрани со ниска моќност базирани на реактори RITM-200 до енергетски блокови со висока […]

МААЕ: Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството по руските напади


Три оперативни нуклеарни централи во Украина го намалија производството на електрична енергија по најновите напади врз енергетската инфраструктура, што дополнително ја зголеми заканата за нуклеарната безбедност на земјата, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Мариано Гроси. „По вторпат за помалку од две недели, електраните „Хмелницки“, „Ривне“ и во Јужноукраинската централа […]

Холандија ќе гради четири нуклеарни централи


Парламентот на Холандија денеска гласаше за предлогот за изградба на четири нови нуклеарни централи наместо две. Во предлогот се наведува дека две дополнителни нуклеарни централи треба да бидат подготвени за употреба од 2040 година. Владата во заминување веќе одлучи во 2022 година да изгради две нови нуклеарни централи до 2035 година, а сега доби задача […]

Производството на електрична енергија од нуклеарни централи ќе ги собори сите рекорди во 2025 година


Производството на нуклеарна енергија веројатно ќе собори рекорди во 2025 година, бидејќи повеќе земји инвестираат во реактори за да ја поттикнат транзицијата кон глобална економија со ниска потрошувачка на јаглерод. Се очекува обновливите извори на енергија најверојатно да го заменат јагленот како извор на енергија на почетокот на следната година, покажуваат податоците. Кина, Индија, Кореја […]

Италија повторно и се враќа на нуклеарната енергија


 Долниот дом на италијанскиот Парламент денеска го одобри предлогот претставен од владејачкото мнозинство, за разгледување на можноста за обнова на нуклеарната енергија во земјата. Италија ги затвори своите нуклеарни централи во 1990 година по референдумот во 1987 година за нуклеарната енергија, што уследи по несреќата во Чернобил. Со предлог се повикува владата „да ја процени […]

Германската индустрија стравува од затворање на нуклеарните централи


Планираното затворање на нуклеарните централи во Германија може да доведе до криза во снабдувањето со енергија и зголемување на цените, предупреди Петер Адријан, шеф на Здружението на германските индустриски и трговски комори. Тој за денешното издание на весникот „Реинише пост“ рече дека иако цените на природниот гас паднаа во последните месеци, проблемите за Германија сè […]

Холандија ќе гради две нови нуклеарни централи


 Холандската влада планира да изгради две нуклеарни централи во провинцијата Зелант на југозападот од земјата, чија изградба треба да заврши во следните десет години, изјавија владини извори за РТЛ и НОС. Нуклеарните централи се планира да се градат во селото Борсел, каде веќе има една нуклеарна централа, соопшти страницата „Дач Њуз“. Изворите наведуваат дека селото […]

Полска ја одобри изградбата на првите нуклеарни централи


  Полската Влада донесе одлука за изградба на првите нуклеарни централи во земјата, а договорот за изградба на првата нуклеарка и е доделен на американската компанија „Вестингхаус Електрик“, соопшти денеска новинската агенција „ПАП“ по одржаната владина седница.Договорот се надоврзува на оној од 2020 година што Вашингтон и Варшава го потпишаа за комерцијална употреба на нуклеарна […]

Шолц: Нема гасење на последните три германски нуклеарни централи


Германија ќе ја продолжи работата на своите последни три нуклеарни централи најмалку до април 2023 година, изјави во понеделникот канцеларот Олаф Шолц. „Ќе создадеме правна основа за работа на нуклеарните централи Isar 2, Neckarwestheim 2 и Emsland по 31 декември 2022 година, до 15 април 2023 година“, се наведува во писмото на канцеларот до владата, […]

Шолц нареди трите нуклеарни централи во Германија да работат до средината на април


Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска нареди трите национални нуклеарни централи да останат во функција до средината на април следната година, за да се избегнат можните недостигања во снабдувањето со електрична енергија. Како што соопшти кабинетот на Шолц, германскиот канцелар денеска ја соопштил својата одлука преку писмо што го испратил до Владата. Министерот за економија Роберт […]

Не е забрането да се напаѓаат нуклеарни централи, под одредени околности: Што вели меѓународното право


  Руската армија во март ја окупираше нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина, а од крајот на јули таа постојано е гранатирана. Киев и Москва меѓусебно се обвинуваат за нападите. Тоа предизвика страв од нуклеарна катастрофа во најголемата европска атомска централа. Советот за безбедност на ОН минатата недела одржа итен состанок за ситуацијата во Запорожје без да се доближи […]

Украина има четири големи нуклеарни централи


Украина– Борбите и пожарот околу најголемата нуклеарна централа во Европа, во Запорожје, Украина предизвика лавина реакции и осуда од сите страни, а утринава ги потресе и европските берзи. Украина има четири големи нуклеарни централи или 15 активни реактори. Освен „пензионираната“ Чернобил и сега контролираната од Русија Запорожје, тука се и Електрани на југот на Украина, Ривна […]

ЕУ треба да инвестира 500 милијарди евра до 2050 година во нови нуклеарни централи


Белгија– Европската унија до 2050 година треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од новата генерација, изјави комесарот за внатрешен пазар на Унијата, Тиери Бретон, во интервју објавено викендов. „Само на постојните нуклеарни централи ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции од сега до 2030 година. А на новите генерации ќе им требаат […]

Германија исклучи три од последните шест нуклеарни централи


Германија исклучи три од последните шест нуклеарни централи, фокусирајќи се на обновливи извори на енергија. Владата одлучи да го забрза постепеното исфрлање на нуклеарната енергија по хаваријата на реакторот во Фукушима во Јапонија во 2011 година, кога земјотрес и цунами уништија крајбрежен објект во најголемата нуклеарна катастрофа во светот по Чернобил во 1986 година. Реакторите Брокдорф, Гронде и Гундреминген […]