Во Шкотска уапсени две лица поради провалување во база на Воената морнарица каде се чува нуклеарно оружје


Две лица се уапсени во Шкотска откако се обиделе да влезат во база на Воената морнарица каде што се складира нуклеарно оружје. Полицијата соопшти дека 31-годишна жена и 34-годишен маж се обиделе да влезат во базата Клајд во Хеленсбург во четвртокот попладне. Таа база, позната и како Фаслејн, е една од трите бази на Кралската […]

Финската влада планира да ја укине целосната забрана за нуклеарно оружје на нејзино тло


Финска планира да ја укине долгогодишната забрана за распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, соопшти владата во Хелсинки, придружувајќи им се на своите скандинавски соседи во потегот што би можел да ја отвори вратата за распоредување атомски бомби на финско тло во време на војна, објавија британските медиуми. Финскиот закон за нуклеарна енергија од 1987 […]

Ѓедовиќ Хандановиќ: Побаравме пари за првата фаза од нуклеарната програма на Србија


„Со укинување на законот што забрануваше изградба на нуклеарни централи, отворивме врата за разгледување на нуклеарната енергија како потенцијален извор на базна енергија во процесот на декарбонизација, а моментално сме во првата фаза од развојот на нуклеарната програма“, изјави денеска српската министерка за рударство и енергетика, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа додаде дека на почетокот на […]

Јапонија ја рестартира најголемата нуклеарна централа во светот во втор обид


Јапонија денес ја рестартираше најголемата нуклеарна централа во светот, соопшти операторот на централата, откако претходниот обид во јануари беше ненадејно прекинат поради мал дефект. Проблем со алармниот систем на централата во јануари го прекина првото рестартирање на централата од катастрофата во Фукушима во 2011 година, објавува France 24. Токиската електроенергетска компанија (TEPCO) објави дека електраната […]

ШОС е против преиспитување на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран


Шангајската организација за соработка (ШОС) составена од десет земји, вклучувајќи ги Кина, Русија и Иран, денес предупреди дека е против какво било „преиспитување“ на резолуцијата на ОН за нуклеарната програма на Иран, поради што Европејците се подготвуваат повторно да воведат санкции против Техеран. Земјите-членки на ШОС, во заедничка изјава објавена од Ксинхуа, потврдија дека „секој […]

Полска ќе ја гради првата мала нуклеарна централа во Европа BWRX-300


Првата мала модуларна нуклеарна централа во Полска, или SMR, ќе биде изградена во Влоцлавек, објави енергетската компанија Орлен. Тоа е прв проект од ваков вид во Европа. Полска ќе го изгради првиот мал модуларен нуклеарен реактор (SMR) во Европа BWRX-300, што претставува голем чекор во транзицијата на земјата од јаглен кон почиста енергија, објави енергетскиот […]

Израелските напади врз нуклеарните постројки на Иран нема да предизвикаат нов Чернобил


Нападите врз иранските постројки за збогатување ураниум, како оној во Натанц, не носат ризик од нуклеарна катастрофа од размерите на Чернобил или Фукушима, објави Би-Би-Си, повикувајќи се на проценки од нуклеарни експерти. Според Би-Би-Си, целите биле постројки за збогатување ураниум, а не активни реактори каде што се случува нуклеарна фисија. Токму поради ова, опасноста од […]

(Видео) Иранските државни медиуми објавија видео од рака како гали атомска бомба


Иранските државни медиуми објавија видео на социјалните мрежи на кое се гледа рака како гали нуклеарна бомба со натпис „можеби“ додека Израел продолжува со нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува раководството на Иран. Видеото е објавено на социјалната мрежа X од страна на Иранската арапска новинска агенција. ربما..Maybe pic.twitter.com/tB02PrPbp1 — إيران بالعربية (@iraninarabic_ir) […]

Германија, Франција и Велика Британија нудат итни преговори со Иран за нуклеарната програма


Германија, Франција и Велика Британија се подготвени веднаш да започнат разговори со Иран околу неговата нуклеарна програма во обид да се намали тензијата на Блискиот Исток, изјави германскиот министер за надворешни работи Јохан Вадефул. – Се надевам дека ова сè уште е можно, изјави Вадефул за германската јавна телевизија АРД, додавајќи дека Техеран претходно ја […]

Нема опасност за седумте нуклеарни реактори по прекинот на електричната енергија


Нема опасност за седумте нуклеарни реактори во Шпанија, соопшти Агенцијата за нуклеарна безбедност на земјата, откако голем дел од државата денеска остана без електричната енергија. Четири реактори автоматски се исклучија по прекинот на електричната енергија, по што беа вклучени итни генератори. Генераторите на три реактори, кои во тоа време не беа во функција, исто така […]

Единаесет работници полесно повредени во пожар во неактивна германска нуклеарна централа


Единаесет работници се повредени во пожар за време на работа на уривање во деактивирана нуклеарна централа во јужна Германија, соопшти денеска локалната полиција. Инцидентот се случил во централата Графенрхајнфелд во покраината Баварија, која беше затворена во 2015 година поради постепеното исфрлање на нуклеарната енергија од страна на Германија. Полицијата во блискиот Швајнфурт соопшти дека за […]

Италија се подготвува за враќање на нуклеарна енергија


Италија има намера да го заврши планот до крајот на 2027 година кој ќе овозможи повторно користење на нуклеарната енергија и ќе ја укине забраната наметната пред речиси 40 години, потврди министерот за енергетика Жилберто Пичето Фратин во интервју за дневниот весник Il Sole 24 Ore. Нуклеарните централи беа забранети во Италија по референдумите во […]

Ако не сте знаеле, во Македонија постои Агенцијата за нуклеарна технологија, сега ќе биде укината


Во Македонија уште од 2010 година постои Агенцијата за нуклеарна технологија за која ретко кој слушнал. Две комисии во Собранието дале зелено светло таа да биде укината, а со неа и законот за формирање национална агенција за нуклеарна технологија. Овој закон беше одобрен во 2010 година на предлог на тогашното Министерство за образование, предводено од […]

Украина го намалува производството на струја од нуклеарните централи по руските напади


Украинските нуклеарни централи го намалија производството на електрична енергија како мерка на претпазливост по масовните руски напади врз енергетската инфраструктура викендов, изјави денеска генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси. – Нуклеарните постројки не беа директно погодени од руските напади, но станиците поврзани со нив се оштетени, рече Рафаел Гроси, пренесува ДПА. […]

Казахстанците кажаа „да“ за нуклеарна централа


Гласачите во Казахстан, вчера, на референдум, го поддржаа владиниот план за изградба на нуклеарна централа во земјата, соопшти денеска изборната комисија во земјата.  Британските медиуми пренесуваат дека комисијата соопштила дека 71,12 отсто од гласачите ја поддржале изградбата на централата.  Идејата за изградба на нуклеарна централа ја промовира владата на претседателот Касим Токаев, додека централноазиската земја […]

Холандија се подготвува да ја преземе нуклеарката


Владата на Холандија е подготвена да започне разговори за купување на уделот на локалната власт во преостанатата нуклеарна централа, заклучувајќи дека таа треба да продолжи да работи. Техничката влада објави дека локалните власти во провинцијата Зеланд сакаат да ги продадат своите акции на државата. Останатите 30 отсто се во сопственост на германската RWE, а владата […]

Салвини: Италија мора да се врати на нуклеарна енергија


Италија мора повторно да се сврти кон нуклеарна енергија и да изгради нова нуклеарна централа до 2032 година, изјави италијанскиот министер за инфраструктура Матео Салвини. Лидерот на Лига, членка на владејачката коалиција, исто така предложи локација, сугерирајќи дека новата нуклеарна централа треба да биде изградена во Милано. И водечката партија во коалицијата на премиерката Џорџа […]

Пакистан почна да гради нуклеарна централа во соработка со Кина


 Пакистанскиот премиер Шехабаз Шариф денеска ја започна изградбата на кинескиот проект за нуклеарна енергија од 1.200 мегавати, кој ќе биде изграден по цена од 3,5 милијарди долари, како дел од напорите на Владата да создаде што е можно повеќе чиста енергија, јавија американските медиуми. Церемонијата за одбележување на почетокот на проектот дојде помалку од еден […]

Гроси: Немам пристап до нуклеарката во Запорожје и не можам да одредам степен на опасност


 Главниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси повторно апелираше за пристап до украинската нуклеарна централа, која сега е под контрола на руските сили, за да се утврди дали таа претставува одредена опасност. „Контактот со најголемата европска нуклеарна централа, која се наоѓа во Запорожје и со која управуваат украински техничари, не е […]

Росатом почна да ја гради првата нуклеарна централа во Египет


Руската државна нуклеарна корпорација Росатом денеска ја започна изградбата на нуклеарната централа Ел-Даба во Египет, изјави извршниот директор на руската корпорација Росатом, Алексеј Лихачев на почетокот на работите. – Почнавме изградба на нуклеарна централа во Египет. Почетокот на изградбата на единицата 1 на нуклеарната централа Ел-Даба значи дека Египет влегува во редот на нуклеарно развиените […]