„Новите книги на Русија” – изложба на руска литература


Во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” денеска напладне ќе биде отворена изложба-саем „Новите книги на Русија” која ќе може да се посети во наредните три дена. Ќе бидат претставени повеќе од две илјади книги објавени во последните години од водечки руски издавачки куќи, како: „Наука”, „Источна литература”, „Академија”, „Питер”, „Академски проект”, „Росспен”, […]