Презентација на новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска во Скопје ќе ги презентира новите мерки за поддршка на малите производители на храна и пијалаци. Настанот е во рамки на теренската информативна кампања на Министерството за запознавање на земјоделците со новите мерки, а е поддржан од Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME) финансирана од Швајцарската агенција […]

Се подготвува нова листа производи со мерки за намалување на цените, најави Битиќи


Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска најави дека е во подготовка нова листа основни прехранбени производи за кои се предвидуваат мерки со кои што треба да се намали нивната цена. Тој не прецизира кои се тие производи и дали мерката ќе биде замрзнување на цента, но рече дека сите мерки кои што ги носи […]

МФ: Примената на новите антикризни мерки ќе почне по усвојување на ребалансот на Буџетот


По усвојувањето на ребалансот, во најкраток рок ќе почне имплементацијата на новите антикризни мерки кои ќе бидат таргетирани, најавуваат од Министерството за финансии. Оттаму информираат дека во ребалансот се проектирани околу 76 милиони евра за антикризни мерки, како и за субвенции за покачување на минималната плата, пари за зголемување на пензиите и дополнителни средства за […]

Се „кројат“ нови мерки за ублажување на цените


Владата ќе направи анализи и ако утврди дека дополнително може да влијае во делот на ублажување на цените ќе донесе нови мерки во текот на неделава. Веќе се  санкционираат дел од трговците што не ги почитуваат постојните мерки – за ослободување од ДДВ на основните прехранбени производи, и за утврдените маржи. Власта смета дека мерките […]

Во Грција од 1 февруари нема пристап до некои места без бустер доза


Сите кои до 1 февруари нема да примат дополнителна, трета доза вакцина против Ковид-19, во Грција нема да може да пристапат до места резервирани за вакцинирани, рече грчкиот министер за здравство Танос Плеврис. „Од 1 февруари сите кои не примиле дополнителна доза вакцина протви корона вирусот, а поминале седум месеци од претходната, втора доза ќе […]

Во Хрватска близу 9.000 позитивни, починаа 36 пациенти, од понеделинк нови мерки


  Во последните 24 часа во Хрватска забележани се 8.817 нови случаи на зараза со корона вирусот, а бројот на активни се искачи на 42.242. Од нив 1.820 пациенти се на болничко лекување, а 249 на респиратор. Тестирани биле 19.865 луѓе. Починаа 36 лица. Поради порастот на заразени, за што виновна е новата варијанта омикрон, […]

Од понеделник во јавниот превоз во Словенија само вакцинирани и прележани


  Негативен тест на корона вирус во Словенија без карантин од понеделник ќе важи покусо отколку сега, потврдено е со новиот протокол со кој владата реагира на брзото ширење на омикрон варијантата. Валидноста на негативниот ПЦР тест за влез во Словенија се намалува на 48 часа од земањето на брисот, а брзиот антигенски тест 24 […]

По потврденото присуство на варијантата омикрон, Словенија започнува нова кампања за вакцинација


Словенија ја интензивира кампањата за вакцинација поради првите потврдени инфекции со варијантата омикрон, стравувајќи дека позаразниот сој е сè поприсутен и може да предизвика нов бран од епидемијата, соопшти денеска владата. Во соопштението се наведува дека центрите за вакцинација на сегашните локации до 24 декември ќе работат од 8 до 20 часот, а граѓаните ќе […]