За владејачката коалиција програмата на новата влада овозможува просперитет, опозицијата се сомнева дека ветеното ќе се реализира
Пратениците од мнозинството и опозицијата и денеска ги спротивставија ставовите околу програмата за избор на новата влада. Во продолжението на собраниската расправа, ВМРО-ДПМНЕ ги повтори основните заложби – евроинтеграција на државата, борба против криминалот и корупцијата, развој на економијата, рамномерен регионален развој, приближување на власта до граѓаните, намалување на даноците, зголемување на пензиите и платите, […]