Бајден го номинираше Аџеј Банга за нов претседател на Светска банка


Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше поранешниот извршен директор на „Мастеркард“ (Mastercard),  Аџеј Банга, за нов шеф на Светската банка, јави ДПА. Тој е „уникатно подготвен да ја води Светската банка во овој критичен момент од историјата“, рече Бајден денеска во Белата куќа. Овој менаџер со индиско-американско потекло во моментов е заменик-претседател на компанијата „Џенерал Атлантик“. […]