Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари


Објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над три хектари, објави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Цветан Трипуновски. -Со ова исполнуваме уште едно ветување, продолжуваме со политиките за ставање во функција на секој хектар од земјоделското земјиште во корист на земјоделецот – нагласи министерот. Во рамките […]

Нема веќе да никнуваат фотоволтаици на најплодните ниви


Државата преку новиот предлог Закон за земјоделско земјиште воведува правила за да спречи неконтролирана урбанизација и уништување на обработливите површини. Строга забрана за поставување фотоволтаици на најквалитетното земјоделско земјиште од прва до четврта категорија, забрана за возење по ниви, строги правила за градење на земјоделски површини и задолжително враќање во правобитна состојба на државната земја […]

Србија ја менува аграрната политика


 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија, Драган Гламочиќ објави дека државата ќе ја промени својата земјоделска политика оваа година, така што земјоделците кои инвестираат повеќе во производство ќе добијат повеќе поттик од државата. „Оној што ќе инвестира повеќе ќе добие повеќе од државата. Првата рата ќе ја исплатиме за обработливо земјиште, за растително […]

Врнежите добредојдени за земјоделството, времето поволно за сеидба на есенските култури


Врнежите од дожд се добредојдени во овој период, ја надополнуваат влагата во почвата и ги снабдуваaт земјоделските култури со потребното количество вода, велат агрометеоролозите. Овие временски услови, нагласуваат, се поволни за сеидба на есенските култури која е во тек. -Многу е важно да се запазат оптималните услови за сеидба: избор на сорта, квалитет на семе, […]

Дождот добредојден за есенската сеидба


Влажноста на почвата по долгото сушно лето значително е намалена, па дождот е потребен и добредојден за успешна есенска сеидба, велат агрометеоролозите од УХМР во врска со бранот врнежи што ја зафати земјава. Тие препорачуваат земјоделските производители да продолжат со грижата за посевите. -Одредени есенски култури се во период на предсеидбена подготовка на која треба […]

Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите


Топлотниот бран што ја зафати земјава влијае негативно врз земјоделските култури. Поради високите температури доаѓа до интензивна транспирација, а и почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата. Според агрометеоролозите, ваквите временски услови ќе се одразат и врз повеќегодишните растенија зашто резервите на вода и во подлабоките слоеви на почвата постојано се намалуваат.  Се […]

Објавен Јавен повик за средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година


Објавен е Јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка во руралниот развој за 2025 година. Ќе се доделува финансиска поддршка за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики, односно надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка за тaрдиционалното сточарство. Повикот е […]

И покрај топлото време нема опасност од предвремен почеток на вегетацијата, велат агрометеоролозите


Минатата недела во земјава беше променливо облачно со сончеви периоди и со пораст на дневната температура. Но, иако ова релативно топло време за овој период од годината може да предизвика предвремен активен развој на растенијата, сепак, се уште не преставува опасност од предвремено потерување и почеток на вегетацијата, велат агрометеоролозите. Ваквите временски услови, според нив, […]

Излегувањето на полиња за испитување на почвата е минато! Научниците покажаа дека може преку сателитски снимки


За прв пат промените во содржината на хумус во обработливото земјиште се видливи од вселената, што отвора можност за поефикасно и попрецизно следење на почвените услови во земјоделските површини, велат германските научници. Научниците од германскиот институт за бизнис администрација Thünen развија нов метод кој овозможува следење на промените во хумусот користејќи сателитски снимки. Ова научно […]

Трипуновски: Ќе ја зајакнеме мерката за осигурување на земјоделските површини


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска ги посети општините Тетово и Јегуновце за да види со какви последици се соочиле земјоделците по невремето и поплавите во неделата. Плодното земјиште околу селото Сиричино во Општина Јегуновце беше едно од најпогодените, па министерот заедно со пратеници и градоначалникот Димитар Костадиновски, ги посети тамошните земјоделци […]

МЕПСО: Земјоделците да бидат внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводите


АД МЕПСО ги предупредува земјоделците во екот на сезоната за наводнување и жетва, да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување, со земјоделската механизација и со дополнителната земјоделска опрема во близина на далекуводите од преносната мрежа.  -Од исклучително значење е земјоделците да се придржуваат кон следните напаствија: Не поминувајте со комбајни или друга […]

МЗШВ: Рокот за аплицирање за ИПАРД 3 програмата продолжен до 30 октомври


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека до 30 октомври 2023 година се продолжува рокот за аплицирање на првиот јавен повик од новата ИПАРД 3 програма за мерките 1 и 7. Како што информираат оттаму, продолжувањето на рокот доаѓа по барање на заинтересираните апликанти за аплицирање за мерка 1 и  мерка 7. Спроведувањето на […]

МЗШВ: По барање на земјоделците до 14 јули се продолжува рокот за аплицирање за субвенции 2023


 Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ги информира земјоделците дека до 14 јули 2023 година се продолжува рокот за аплицирање за директни плаќања по Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година, за растително и сточарско производство. Земјоделците може да ги достават барањата секој работен ден во канцелариите на подрачните единици на Министерството […]

Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполски регион, годинава берзанската цена за половина намалена


Почна жетвата на јачменот во штипскиот и овчеполскиот регион, но земјоделците се незадоволни од откупната цена. Гоце Спасов потпретседател на Секторската група за жито при МЗШВ вели дека цената е берзанаска и за разлика од лани е намалена за 50 отсто. -Ланската година на берзата се движеше околу 300 евра и овде ние излеговме со […]

Објавен јавен повик за поднесување барања за поддршка на развојот на земјоделските задруги


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска го објави јавниот повик од новата Програма  за поддршка на развојот на земјоделските задруги за 2023 година. Ова е нова програма, која прв пат е донесена оваа година и со нејзиното спроведување се очекува системско подобрување на работењето на земјоделските задругите и развој на задругарскиот сектор со зголемување […]

Со сателит ќе се мониторира што се сади по нивите


Со исплатата на субвенциите по површина обработливо земјиште независно од видот на земјоделската култура, се создадоа можности за воведување нов пристап во спроведувањето на теренските контроли, т.н. мониторинг на парцели – најави министерот за земјоделство Љупчо Николовски. – Мониторингот кој годинава прв пат се воведува во земјите-членки на ЕУ, а кај нас ќе почне на […]

МЖСПП почна со постапката за изработка на Законот за заштита на почвите


 Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини денеска ја отвори работилницата „Развој на регулатива за управувањето со почвите“, со која официјално почна постапката за изработка на Законот за заштита на почвите. Како што информира Министерството за животна средина и просторно планирање, Нуредини соопшти дека ресорното министерство пристапи кон подготвување на посебен закон со кој […]

Напуштено приватно земјиште ќе се дава под наем, осигурувањето ќе биде задолжително


Според измените на Законот за земјоделство, кои треба да се изгласаат во Собранието, и напуштеното земјоделско земјиште кое е во приватна сопственост ќе се дава под наем. – Во законските измени предвидуваме и напуштеното приватно земјоделско земјиште да имаме право како држава да го дадеме под наем под соодветни услови откако тоа земјиште ќе биде […]

Неделава се исплатени 100 милиони денари финансиска поддршка за земјоделците


Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) соопшти дека во услови на светска криза која директно ја погодува и земјава, навремено се креирани мерки за поддршка на земјоделците во широк консултативен процес со земјоделците, нивните здруженија и земјоделските експерти. Како резултат на тоа, во текот на месец април 2022 година од страна на Владата беше усвоен […]