САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија


По осум одложувања, стапија во сила американските санкции врз Нафтената индустрија на Србија (НИС), што е во мнозинска сопственост на Русија, една од најважните компании за функционирање на целата српска економија. „Санкциите воведени од САД поради мнозинската руска сопственост во компанијата стапуваат во сила од шест часот утрово (9 октомври)“, соопштија од НИС. Уште во […]

Министерството за финансии на САД издаде нова лиценца за НИС до 8 октомври


Српската нафтена индустрија (НИС) соопшти дека Министерството за финансии на САД писмено потврдило дека на 30 септември е издадена посебна лиценца, со која НИС може непречено да работи до 8 октомври. Истата информација ја потврди и ЈАНАФ и додаде дека ќе контактираат со американските институции преку адвокати во САД за продолжување на лиценцата. „НИС продолжува […]

Нафтена индустрија на Србија ги подготвува вработените доколку биде прогласена вонредна состојба во државата


Вработените во Нафтената индустрија на Србија денеска, на крајот од работното време, добиле известување на својот мејл во фирмата дека компанијата е должна да обезбеди „предуслови за спроведување на работните обврски доколку се прогласи вонредна или воена состојба“. Како што е наведено во известувањето доставено до агенцијата Бета од страна на вработените во таа компанија, […]

НИС го продава бизнисот во Бугарија


Бугарската Комисија за заштита на пазарната конкуренција доби известување од локалната компанија Уни Енерџи со кое се бара одобрение за аквизиција на НИС Петрол Бугарија. Уни Енерџи е бугарски трговец со горива во сопственост на Ивајл Константинов. Компанијата соработува со швајцарската група Авиа Интернешнл и ТТН Комерс преку Авиа Бугарија. До крајот на 2024 година, […]

Србија бара од САД продолжување на лиценцата и одлагање на санкциите против НИС


Владата на Србија денес испрати писмо до Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД, во кое бара продолжување на посебната лиценца што би го одложила целосното спроведување на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) по 28 април, соопшти српското Министерство за рударство и енергетика. Шефицата на тоа министерство, […]

Санкциите против НИС повторно одложени


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска соопшти дека американските санкции за српската нафтена индустрија се одложени за уште 30 дена. – Го направивме тоа! Добивме уште едно 30-дневно одложување на санкциите за НИС. Им благодариме на сите луѓе во Србија кои се бореа и им благодариме на нашите американски партнери за разбирањето. Ја зачувавме стабилноста, ја […]

Нафтената индустрија на Србија поднела барање за бришење од листата за санкции на САД


Нафтената индустрија на Србија (НИС) објави дека поднела барање до Министерството за финансии на САД за отстранување на НИС од списокот СДН (Specially designated Nationals). Бидејќи процесот на бришење е долг, НИС, додека чека одговор, поднесе ново барање до Министерството за финансии на САД за продолжување на првичната специјална дозвола, која беше издадена на 26 […]

САД ги одложија санкциите за српската нафтена индустрија за 30 дена, веднаш се пофали Вучиќ


Соединетите Американски Држави (САД) ја одложија примената на санкциите против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за уште 30 дена, кои се дел од пакетот санкции на Вашингтон наметнати на рускиот енергетски сектор чиј дел е и НИС, беше соопштено денеска во Белград на денот на стапување на сила на рестриктивните мерки. Претседателот Александар Вучиќ објави […]

Промена на сопственичките удели на „Гаспром“ и „Гаспромњефт“ во Нафтената индустрија на Србија


Рускиот „Гаспромњефт“ го намали својот сопственички удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) од 50 на 44,84 проценти, додека „Гаспром“ го зголеми својот удел од 6,15 на 11,30 проценти, покажуваат податоците објавени на Белградската берза. „Гаспромњефт“ е ќерка-фирма на рускиот енергетски гигант „Гаспром“, а трансакцијата се случува во пресрет на стапувањето во сила на американските […]

НИС утре однапред ќе исплати плати, руската страна спремна да продаде шест отсто од уделот


Вработените во НИС утринава добиле известување дека однапред ќе им бидат исплатени февруарските плати. Неофицијално, се смета дека платата за март ќе биде однапред исплатена до крајот на овој месец, пишува Компас-инфо, а пренесува регионалниот бизнис портал СЕЕбиз. „Со оглед на тоа што активно работиме на изнаоѓање конечно решение во однос на американските санкции против […]

Русија и Србија заеднички ќе работат за да се избегне штетата од американските санкции кон НИС, вели Лавров


Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Русија и Србија се договориле да продолжат заеднички да работат со цел да се избегне штетата врз заедничките интереси од американските санкции кон Нафтената индустрија на Србија (НИС). – Денес сме соочени со ситуација кога оние кои се навикнати на нелојална конкуренција се обидуваат да го […]

Вучиќ: Наскоро разговори со Путин за НИС


Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека наскоро ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за санкциите воведени од САД за нафтената индустрија на Србија (НИС), која е во мнозинска сопственост на Русија. Тој за РТС изјави дека барањето на НИС до САД за одложување на санкциите за најмалку 90 дена, додека не се реши сопственичкиот […]

НИС бара одложување на санкциите за најмалку 90 дена


Српската нафтена индустрија испрати официјално барање до Канцеларијата за контрола на странски средства на Министерството за финансии на САД (OFAC) за одложување на санкциите. Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ изјави дека барањето е поддржано од владите на Србија и Унгарија и дека Србија побарала од Американците да ги одложат санкциите за минимум […]

Србија ќе бара продолжување на роковите за излегување на рускиот капитал од НИС


Српската министерка за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ денеска изјави дека Србија ќе бара продолжување на роковите за завршување на сите операции во врска со излегувањето на рускиот капитал од НИС. Таа нагласи дека во интерес и на американската и на руската страна е да се најде решение за Нафтената индустрија на Србија (НИС), […]

Тргувањето со акциите на НИС замрзнато на неопределено време


Српската комисија за хартии од вредност ја продолжи забраната за тргување со акции на Нафтената индустрија на Србија (НИС) на неопределен период, потврди Марко Јанковиќ, директор на таа државна институција. Како што истакна за Курир, ваквата одлука е донесена врз основа на европската пракса во слични ситуации. – Сите ги следевме вестите за воведување санкции […]

Вучиќ потврди дека САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва потврди дека САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС) и додаде дека Србија ништо не придонела за тоа. Во обраќање до граѓаните, тој рече дека САД издале официјално соопштение за тоа и оти тие само што почнале „одлуките да ги објавуваат на нивните веб-страници“. – Добивме многу објаснувања […]

САД воведоа санкции за Нафтената индустрија на Србија (НИС)


Американското Министерство за финансии денеска донесе одлука за воведување санкции за нафтената индустрија на Србија (НИС), како што се очекуваше, јавија српските медиуми. Конкретните мерки биле испратени до српскиот државен врв. Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на состанок во Претседателството по овој повод повика неколку министри и целиот свој кабинет, како и сите експерти од […]

Преземањето на мнозинскиот удел во НИС би ја чинело Србија до 1,5 милијарди евра


Купувањето на мнозинскиот пакет акции или целиот сопственички удел на руските компании Гаспром и Гаспром Нефт во Нафтената индустрија на Србија (НИС), како едно од можните решенија за избегнување на потенцијалните санкции од САД и Велика Британија, би можело да чини Србија од неколку стотици милиони евра на 1,5 милијарди евра, изјави Ненад Гујаничиќ, главен […]