Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите


На денешното рочиште за случајот „Онкологија“ вештакот Милан Ристески повторно сведочеше за терапиите и протоколите на Клиниката за радиотерапија и онкологија – Скопје, при што посочи на повеќе отстапувања во медицинската документација и изборот на терапии. Тој истакна дека кај 12 пациенти била дадена терапија спротивно на индикациите и без никаква корист, а особено ги […]

Судот го одби барањето за укинување на притворот на обвинетите Васев и Нухи во „Онкологија 2“


Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје денеска го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехад Нухи во предметот „Онкологија 2“ иако беа понудени имотни гаранции во вредност од над 350.000 евра. Судот оцени дека не се промениле околностите за применување поблаги мерки, а истовремено појасни дека […]

„Онкологија 2“: планот за набавка на биолошка терапија не го носел стручен колегиум, недостигале и протоколи и упатства


Слабости и неусогласености со законските прописи утврдила ревизијата на Клиниката за онкологија – изјави претставник од Државниот завод за ревизија, кој детаљно објасни како и зошто била извршена ревизијата на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) за 2021 година, на денешното рочиште за случајот „Онкологија 2“.  – Ревизија се изврши во согласност со редовната […]

Вештачење за „Онкологија“: Несоодветни терапии и хемотерапија во терминална фаза


Чести промени на терапијата без медицинско објаснување, давање лекови кои меѓусебно го поништуваат дејството и аплицирање хемотерапија во терминална фаза, која наместо да помогне, го скратувала животот на пациентите, се дел од заклучоците што денеска ги презентираше вештото лице Маја Равник од Медицинскиот факултет во Марибор, Словенија, на рочиштето за случајот „Онкологија“ во Основниот кривичен […]

Сослушани сведоци на судењето за случајот „Онкологија“


 Со сослушување сведоци, предложени од Обвинителството, денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.  Пред судот беа сослушани тројца оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и за конкретната терапија […]

Одбраната на Нино Васев бара куќен притвор


  Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев бара укинување на притворот и определување на некоја друга поефикасна мерка, како куќен притвор со гаранција на куќата во која живее и одзмање на патната исправа, со цел, како што велат, да му се овозможи да се брани соодветно и да можат да работат […]

Продолжи судењето за „Онкологија 2“: Додека бил директор Нино Васев се потпишувал на т.н. условна терапија


Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за „Онкологија 2“, кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовено работење и финансиски криминал.  Прво беше сослушан сведок – шалтерска работничка на Клиниката за […]

Со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството продолжува случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи


Случајот „Онкологија 2“ за несовено работење и финансиски криминал против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, треба да продолжи денеска во Основниот кривичен суд во Скопје со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор на минатото рочиште речедека […]

Почнува судењето за „Онкологија“ – неподобно лекувале 29 пациенти


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев и тројца лекари онколози за несовесно лекување на пациенти.  Првиот обвинет, Васев како директор на Клиниката, во соизвршителство со друг лекар на истот оддел, се товари дека извршил продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето и […]