Невакцинираните здравствени работници во Грција може да останат без работа по 31 март


 Невакцинираните здравствени работници во Грција кои веќе неколку месеци се на принуден одмор, поради воведената задолжителна вакцинација, можно е по 31 март, кога и истекува конкретната одлука, да останат без работа, според министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој сепак, објасни дека сè уште не е донесена конечна одлука, јави дописничката на МИА од […]

Австрија го укина локдаунот за невакцинираните


Во Австрија од полноќ престана да важи локдаунот за невакцинираните кои сега можат повторно да се движат слободно надвор од дома без страв од казна. Невакцинираните луѓе неколку недели можеа да одат само во самопослуга, аптека, пошта, банка, на лекар, на работа или на училиште и на прошетка, но само со луѓе од исто домаќинство. Сепак, укинувањето […]

Жестока дебата во Франција: Дали невакцинираните имаат право на бесплатно лекување


Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика жестока дебата за тоа дали луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 треба да продолжат да добиваат бесплатно болничко лекување, јавија француските медиуми. Францускиот здравствен систем го покрива лекувањето на сите пациенти примени на одделенијата за интензивна нега, при што трошоците за еден ден престој во такво […]

Австриец се заканувал дека ќе убие невакцинирани луѓе


Еден 47-годишен жител на австрискиот град Велс преку социјалните мрежи се заканувал дека ќе ги убие сите невакцинирани луѓе. Според полициското соопштение, тој за да ја потенцира својата закана се сликал со пиштол и фотографијата ја поставил покрај заканувачката порака. На распитот тој изразил жалење поради заканата поставена на социјалните мрежи. Тој истакнал дека е […]

МЗ: 81 отсто од хоспитализираните со Ковид-19 и 78 отсто од починатите се невакцинирани


Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08.2021 до 13.01.2022 […]

МЗ: 67 проценти од новите случаи и 85 проценти од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани


Од 6 август заклучно со вчерашниот ден на територија на државата вкупно 66.857 граѓани се позитивни, од тестирани на Ковид-19. Од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.   Според статистика на Министерството за здравство за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани.   За вакцинирани […]

Во Нов Јужен Велс невакцинираните би можеле да си ги плаќаат трошоците за лекување


 Властите на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс предложија лицата кои не примиле вакцина против Ковид-19 да ги плаќаат трошоците за болничко лекување. Властите тврдат дека невакцинираните пациенти се неодговорни и претставуваат голем трошок за даночните обврзници и затоа предлагаат сами да си го плата своето лекување. Голем број политичари и лекари се изјаснија против […]

МЗ: 98 отсто од хоспитализираните лица со Ковид-19 се невакцинирани


Бројот на позитивни и на хоспитализирани кои се невакцинирани, како и бројот на смртни случаи кај лицата кои не примиле вакцина против Ковид-19 е драстично поголем. Според последната статистика на Министерството за здравство за изминативе недели 67 отсто од позитивните на Ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица, пак, кои се невакцинирани изнесува 98 […]