Тетовскиот регион повторно зафатен од невреме


Управата за хидрометеоролошки работи јавува дека според радарската слика Тетовскиот регион е зафатен со поројни дождови и грмежи. Нестабилна облачна маса од запад се приближува кон Скопската котлина, како и Росоманскиот регион. Од југозапад на територија на Албанија има силна нестабилност која полека се приближува према Преспанскиот регион.

Нестабилно време и во наредните денови


Нестабилно време со променливи температури ќе се задржи до крајот на неделава. Од УХМР информираат дека утре ќе преовладува сончево и топло време. Во среда кон крајот на денот ќе има дестабилизација со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во четврток ќе дува умерен до засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се […]

За викендов и наредната недела претпадне сончево, а попладне нестабилно


 За време на викендот и во текот на следната недела во попладневните часови ќе се задржи нестабилно време со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме проследени со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и услови за изолирана појава на град, соопшти УХМР.  […]

За викендот дневната температура во пораст, од понеделник нестабилно и ветровито


За време на викендот утрата ќе бидат студени, а дневната температура ќе биде во пораст, кој ќе биде позначителен на почетокот на следната седмица. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре наутро ќе биде студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Во Скопје сончево […]