Неделков: Изминатите пет години платите на просветните работници се зголемени за 70 проценти


Од 2020 до 2025 година СОНК кумулативно ги има зголемено платите за околу 70 проценти. Од јануари месец 2020 година, кога почнавме со 10 проценти зголемување, до оваа година во март месец кога имавме зголемување од седум проценти, кумулативно сите овие години зголемувањето изнесува 70 проценти. Овој континуитет ќе продолжи и следните три години, согласно […]

Неделков: СОНК нема донесено одлука за порадикални мерки


Претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) Јаким Неделков вели дека немаат донесено одлука за порадикални мерки како протести или штрајк и дека ќе бидат конструктивни како социјални партнери. Очекуваат до средината на септември да се заокружат преговорите во однос на зголемувањето на платите.  – Тоа што сите во јавниот сектор го […]

Неделков: Изјавата на министерката за платите не значи дека СОНК се откажал од своето барање


Изјавата на министерката за образование и наука за зголемување на платите во образованието од 10 до 12 проценти од март 2025 година не е усогласена со ставовите на СОНК, соопшти Јаким Неделков, претседател на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура. Во објава на неговиот Фејсбук профил, Неделков вели дека го информира членството на СОНК […]

СОНК: Нацрт-законот за плати е дискриминирачки, па Владата може сама да носи проценки и одлуки


Нацрт-законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки и противуставен. Не само што го ограничува учеството на синдикатите во носењето на одлуките на Владата, воедно, ја елиминира можноста за уредување на платите и надоместоците со колективните договори, реагираат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Бараат повлекување на нацрт-верзијата и средба со предлагачот – […]

Со поддршка од СОНК, МОН ќе продолжи да го модернизира образовниот систем


Промените во образованието треба да продолжат, а СОНК ќе даде активен придонес во креирањето и имплементацијата на политиките со кои МОН и другите надлежни институции ќе го унапредуваат квалитетот на воспитно – образовниот процес во државата. Ова е заклучокот од денешната средба на министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат […]

Неделков: На почеток на преговорите сме, изгубените часови да се надополнат и учебната година да заврши на 10 јуни


На почеток на преговорите сме, односно за волја на вистината, што е добар сигнал, продолжуваме каде што сме застанале. За среќа не почнуваме од нула, што би ни одзело многу време и енергија, туку продолжуваме каде што застанавме, изјави денеска претседателот на СОНК, Јаким Неделков. – Реално сите имаме очекувања да излеземе од овој штрајк […]

Денеска почнуваат преговорите помеѓу СОНК и МОН со медијатор


Денеска во 14 часот започнуваат преговорите помеѓу СОНК и Министерството за образование и наука. Преку овие преговори, како што вели Јаким Неделков, по пат на помирување со помош на овластен помирувач ќе се обидат да најдат решение за барањата на наставниот кадар. – Тоа што денеска продолжи наставниот процес не значи дека сме ги прифатиле […]

Без прифатлив предлог, штрајкот во образование не може да прекине


Тежиме кон иста цел, но се движиме по различни патишта. И наша цел е штрајкот побргу да заврши и децата да се вратат во клупите и занималните, но треба да ни се вкрстат патиштата и да има прифатливо решение за штрајкот да прекине. Уверени сме дека го правиме вистинското во интерес на членството, одговори претседателот […]

Штрајкот на СОНК продолжува и утре, регистрирани притисоци во градинки


Сериозен притисок за прекин на штрајкот во неколку детски градинки во Скопје и во внатрешноста, нотира СОНК, при што најавија дека ќе поднесат кривични пријави. Од СОНК алармираат дека на првиот ден од штрајкот во образованието, воспитувачки од градинките во Општина Центар, во градинката „Орце Николов“ во Карпош, како и негувателки и воспитувачки во повеќе […]