На 88 години почина примабалерината Натка Пенушлиска- Митровска


Доајенката на македонскиот балет, примабалерината Натка Пенушлиска-Митровска, почина на 88 години, објави Националната опера и балет.   Родена во Скопје на 24 април 1934, Пенушлиска-Митровска се здобила со балетското образование во Средното балетско училиште во Скопје и кај познатите педагози Јегорова и Преображенскаја во Париз (1953-1954). Модерен балет учела во Цирих и Каштел Камбеловец.   […]