Ученик претепан со тврд предмет од група малолетници


Вчера во 16:30 часот во СВР Скопје, К.Р.(40) од Скопје пријави дека околу 13:15 часот во двор на средно училиште на подрачјето на Карпош, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, а бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопјанец претепан од родителите на сопругата


Во СВР Скопје вчера во 13.00 часот, 37-годишен маж од Скопје пријавил дека на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ј.Н. и В.Н., родители на неговата сопруга. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

Мајка натепала малолетен соученик на синот на фудбалско игралиште во Карпош


Во понеделникот, во 19.15 часот во СВР Скопје, И.С.(43) од Скопје пријавил дека околу 16.00 часот на фудбалско игралиште во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходно недоразбирање, неговиот малолетен син физички бил нападнат од мајка на ученик од истото училиште. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Физички нападнат член на Советот на Општина Карпош


  Непознато маскирано лице утрово го нападнало советникот во Општина Карпош од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Илиески, информираа општинските власти. Нападот се случил во 7,40 часот пред трговскиот центар „Антико“ во Карпош 4, додека Илиевски одел на работа. Непознатиот напаѓач ненадејно го нападнал при што му задал неколку удари во лицето, од кои му нанел […]

Бесплатно земал храна за миленици, па го натепал ветеринарот


Еден ветеринар пријавил дека бил физики нападнат од потрошувач, кој од неговата ветеринарна болница бесплатно земал храна за миленици. Дополнително тој оштетил и возило. Имено, во средата, во 21 часот во СВР Скопје, М.С.(53) од Скопје пријавил дека околу 14.30 часот, додека бил на работното место во сопствената ветеринарна болница, бил физички нападнат од В.П., […]