Голема полициска акција во кумановско Диво насеље
Полициска акција се одвива како на филм, известува ТВ Алсат, а опколена е куќа во кумановската населба Диво Насеље. Специјалната полициска единица спроведува голема полициска акција, а повеќе детали се очекуваат подоцна. Неофицијално, Алсат дознава дека се работи за наркотици, а единствено што се знае дека полицијата опколила куќа од сите страни.