ОРМ: Работниците во македонските компании помалку продуктивни од оние во странските
Загрижувачки тренд на намалување на вкупната продуктивност на македонските компании, покажува истражувањето што беше презентирано денеска во рамки на националната конференција „Продуктивноста и нејзините главни двигатели за економски раст и конкурентност“, организирана по повод 20-годишнината на Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ). Според истражувањето кое за потребите на ОРМ го спроведе Институтот за економски истражувања […]