Откриена досега најоддалечената ѕвезда
Вселенскиот телескоп Хабл ја откри светлината на ѕвезда што постоела во првите милијарда години по Големата експлозија, што е нов рекорд, објавија астрономите. Новооткриената ѕвезда, наречена Еарендел, толку е далеку, што на нејзината светлина ѝ требаа 12,9 милијарди години за да стигне до Земјата од времето кога Вселената беше седум проценти од нејзината сегашна старост. […]