Со грант од Кореја МЗ набави осум електрични возила за инспекциските служби


Министерството за здравство, со поддршка од Владата на Република Кореја, преку грант за помош обезбеди осум современи електрични возила, со инсталација на станици за електрично полнење.     – Заедно со амбасадорот на Република Кореја, Донг-бае Ким, денеска, извршивме примопредавање на првите три возила од грантот, а до крајот на месецот очекуваме да пристигнат уште пет […]

Неправилности во здравството отсега може да се пријавуваат на веб-страницата на Министерството за здравство


 Неправилности во здравството отсега ќе може да се пријавуваат и на веб-страницата на Министерството за здравство, информира министерот Азир Алиу на денешниот брифинг со новинарите.  Анонимно е, но, граѓаните може да остават лични податоци како телефонски број или емајл адреса, доколку надлежните имаат некои прашања, да ги контактираат. На пример, може да се пријави подолго […]

МЗ ќе ги обедини сите акции за помош на настраданите во Кочани


Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани, а ќе ги обедини и сите поединечни акции за помош на жртвите, без разлика дали се работи за финансиска помош или простор за рекреација, рехабилитација и социјализација, соопшти денеска министерот […]

И Министерството за здравство се амнестира од мистријата за ѕидот кај Детска клиника


Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште.   Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето […]

МЗ: Изготвен е план за рационализирање на трошоците во здравствените установи


 По донесување на мерките и препораките за рационално користење на електричната енергија од Економско-енергетскиот совет на Владата во пресрет на грејната сезона, донесена е одлука јавните здравствени установи да склучат договори за електрична енергија преку ЕСМ продажба по поповолна цена од берзанската, соопшти Министерството за здравство. Оттаму посочуваат дека во координација со здравствените установи изготвен […]

Матичните лекари бараат зголемување на капитацискиот бод, Сали нуди три модели


Зголемување на капитацискиот бод, промена на начинот на препишување лекови за хронично болните пациенти, воведување нови лекови, како и нов начин на плаќање на лекарите во примарното здравство и на лабораториите, побараа денеска матичните лекари кои излегоа на протест пред Министерството за здравство. Најавија дека денеска нема да прегледуваат пациенти, а од утре следува повеќедневен […]

Кампања на МЗ за имунизација на ризични групи против тешка форма на Ковид-19, за два дена вакцинирани над 1.500 лица


Над 1.500 лица за два дена се вакцинирани со прва и трета доза во рамки на широката кампања за имунизација за заштита на ризичното население од тешка форма на Ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Преку СМС пораки, како што посочуваат, ги повикуваат лицата од ризичната група над 65 години, како и помлади лица со коморбидитети, […]

Kампања на МЗ за превенција и рано откривање рак на грлото на матката


Ракот на грлото на матката може да се превенира доколку навреме се открие. „Еден преглед спасува живот, прегледај се -заштити се!“ е мотото под кое се спроведува кампањата за превенција и рано откривање рак на грлото на матката, информира на својата фејсбук страница Министерството за здравство. Освен во јануари, месец кој традиционално е посветен за […]

Вкупно се аплицирани 1.736.243 дози вакцини, а ревакцинирани се 48 отсто од полнолетните граѓани во државата


Заклучно со 14 декември, вкупно се вакцинирани 838.987 граѓани, ревакцинирани се 810.990, а трета доза примиле 86.266 граѓани. Вкупно аплицирани се 1.736.243 дози вакцини, соопштија од Министерството за здравство. Од МЗ информираа дека опфатот со вакцинација со две дози на полнолетната популација е 48 проценти, а 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се […]