Без вода Филхармонија, средното музичко училиште, Министерство за транспорт


Поради уличен дефект на ул. „Црвена скопска општина“ 58, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектите на Министерството за транспорт и врски, средното музичко училиште, Филхармонија и Сојуз на сметководители и ревизори.

Во Сарај се отвора дисперзирана паралелка на ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ за основно музичко образование


Државниот музичко балетски училишен центар „Илија Николовски – Луј“ чии простории се наоѓаат во центарот на Скопје, од учебната 2022/23 година ќе има дисперзирана паралелка за основно музичко образование во општина Сарај. Паралелката се отвора по барање и на иницијатива на родителите и училиштето, со согласност од Министерството за образование и наука и општина Сарај […]