Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите за Преговарачката рамка


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски преку објава на Фејсбук упати критики до поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, обвинувајќи го дека ги извртува фактите и дека нема политички кредибилитет да ја коментира политиката на актуелната Влада. Според Муцунски, Османи „многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција […]

Муцунски има план: Дивоградбите во Охрид ќе се уриваат законски. Досега ниедна не е урната


  Откако Комитетот за светско наследство на УНЕСКО денеска одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вели дека дивоградбите не само во Охрид, туку секаде, треба да се уриваат на законски начин. Владата доби уште пет години за да ги спроведе забелешките […]

Муцунски се сретна со заменик-државниот секретар на САД, во фокусот одбраната, енергетиката…


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска преку Фејсбук информираше за остварена средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау, во рамки на работната посета на Вашингтон. – Нашите две земји имаат блиски и усогласени позиции за широк спектар политички, економски и безбедносни прашања. Во отворен, пријателски и содржаен разговор […]

Муцунски во Вашингтон на министерска конференција „Подемот на политичкиот тероризам“


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, на покана на американскиот државен секретар Марко Рубио, денеска и утре ќе престојува во дводневна работна посета на Вашингтон, каде што ќе учествува на министерска конференција посветена на заканите од политичкиот тероризам. Состанокот, како што соопшти МНРиНТ, ќе обедини високи претставници од повеќе од шеесет држави, […]

Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Лондон. Во британскиот Форин офис, Муцунски ќе оствари средба со својот хомолог, државниот секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Ивет Купер. Во насока на унапредување на надворешната трговија и поттикнување […]

Муцунски од Анталија: Регионалната поврзаност е предуслов за развој и стабилност


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на учеството на Antalya Diplomacy Forum 2026, се обрати на панел посветен на новите можности во регионалната и интерконтиненталната поврзаност, на тема „New Opportunities in Connectivity“ (Нови можности за поврзување). Во своето обраќање, информираат од Министерството за надоврешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ), Муцунски […]

Муцунски и Прево трчаа на скопскиот кеј


Министерот за надворешни работи заедно со белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево утрово реализираа утринско трчање низ Скопје, во должина од шест километри. Како што беше споделено на социјалните мрежи, денот започнал со поинаков, неформален пристап, комбинирајќи спортска активност и дипломатска комуникација. Трчањето низ градот било искористено како можност белгиската делегација да се запознае со […]

Третата група македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток слета во Приштина


На Меѓународниот аеродром во Приштина синоќа пристигна третиот организиран лет со патници кои беа успешно евакуирани од Катар, Кувајт, Кралството Саудиска Арабија и Кралството Бахреин.   Како што објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, патниците претходно со организиран превоз биле транспортирани до Ријад, од каде што со специјален лет безбедно го […]

Муцунски разговарал со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната […]

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток


Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  – Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака […]

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо


Северна Македонија заслужува членство во Европската Унија и тоа многу брзо, рече вечерва министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ по средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што истакна Радман, Македонија е подготвена, а и добро е преговорите да почнат, особено поради македонските […]

Муцунски од Тирана: Остануваме целосно посветени на реализација на Коридорот 8


Актуелните инфраструктурни проекти што се операционализираат долж Коридорот 8, предизвиците во нивната реализација, како и потребата од засилено политичко внимание и координација биле во фокусот на разговорите на Министерскиот состанок „Коридор 8 во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“ во Тирана, на кој учествува министерот за надворешни […]

Муцунски ја поздрави објавата за апсењето на Мадуро: Одговорноста е клучна за слободата и демократијата


Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, преку социјалните мрежи ја поздрави објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека венецуелскиот лидер Николас Мадуро е уапсен и дека ќе се соочи со правдата. Муцунски упати пофалби и до американскиот државен секретар Марко Рубио за, како што наведе, неговото лидерство во справувањето со нарко-криминалните мрежи поврзани со режимот […]

Македонија подготвена да прифати повредени пациенти од Кран-Монтана


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која бил активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот Тимчо Муцунски, по претходна консултација со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за здравство Азир Алиу, попладнево остварил телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, […]

Муцунски најавува нова фаза во економските односи со Обединетите Арапски Емирати


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски вели дека со Обединетите Арапски Емирати се води активен дијалог помеѓу нашето и нивното министерство за постигнување два договори – договор за стратешко партнерство, кој ќе ги олесни меѓусебните инвестиции и договор за слободна трговија. Тој во синоќешното гостување во емисијата „360 степени“ на МТВ 1, […]

Ниедна држава во регионот не треба да биде изолирана од полноправно членство во ЕУ, вели Муцунски


Генералната порака што верувам дека треба да ја испратиме е дека ние на Западниот Балкан треба да работиме заедно, порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во обраќањето на настанот „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“ одржан синоќа во Брисел под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос. […]

Муцунски не кажува колку инвестиции донел во државата, процесот бил тимски


  Процесот на привлекување странски инвестиции го работиме заеднички и координирано како тим со Агенцијата за странски инвестицији, Дирекцијата за технолошки и индустриски развојни зони, Канцеларијата на претседателот на Владата и дипломатско-конзуларните претставништва, истакна денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа кој колку инвестиции донел во […]

Европската инвестициска банка отвора претставништво во Скопје, нов поттик за продлабочување на соработката


Европската инвестициска банка ќе отвори претставништво во главниот град на нашата земја со што досегашанат успешна соработка ќе се издигне на уште повисоко ниво. Оваа порака денеска беше упатена во Скопје, по средбите што потпретседателот на ЕИБ, Роберт Де Грот, ги имаше со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за надворешни работи и надворешна трговија […]