Фон дер Лајен: ЕУ во следните денови го отвора првиот преговарачки кластер со Молдавија и Украина


Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, на конференција во Брисел, изјави дека Молдавија и Украина во следните неколку дена ќе направат нов чекор во процесот на пристапување кон Европската Унија со отворањето на првиот преговарачки кластер. Според Фон дер Лајен, оваа одлука ќе го означи преминот кон следната фаза од пристапниот процес […]