Засадувањето на „модра кавчина“ и „станушина“ симбол за пријателството меѓу Северна Македонија и Словенија


Во дворот на Земјоделскиот институт – Скопје денеска беа засадени 400 години старата винова лоза „жаметна чрнина“ („модра кавчина“) и македонската автохтона сорта „станушина“ со што, симболично, беа одбележани 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Словенија. На засадувањето присуствуваа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и неговиот словенечки […]