Војната на Блискиот Исток го прави бизнисот неизвесен: Странските инвеститори во земјава за најголемите ризици годинава


Од почетокот на војната на Блискиот Исток, пред неколку недели, транспортните трошоци во контејнерскиот превоз од Кина кон Европа се веќе зголемени за 65 отсто, а ризикот е толку голем што осигурителните компании избегнуваат осигурување на транспортот преку Црвеното Море. Покрај ова, цената на нафтата веќе е значително зголемена, а дури и да дојде до […]

Што му кажаа странските инвеститори на премиерот Мицкоски


  Странските инвеститори денеска го потврдија сојузништвото со Владата во делот на (не)зголемувањето на минималната плата, но истовремено на маса го ставија и прашањето за исплатата на државната помош што лани доцнеше прв пат откако оваа практика за поддршка на странските инвестиции беше воведена кај нас. Странските инвеститори во земјава исто така се „избоксуваа“ за […]

Славески во посета на „Костал“, во фокусот платежните услуги и синџирите на снабдување


Гувернерот на Народната банка д-р Трајко Славески оствари работна средба со директорот на „Костал“ Македонија Виктор Мизо на која беа разгледани актуелните економски текови и предизвиците со кои се соочува бизнис-секторот. Се разговараше пред сѐ за показателите значајни за деловната заедница, особено во однос на унапредувањето на платежните услуги, одржувањето стабилен девизен курс и обезбедувањето […]

Мизо: Глобалните случувања ќе влијаат врз инвеститорите во земјава и нивните одлуки


Глобалните случувања ќе влијаат врз компаниите што се во земјава, но и врз нивните одлуки каде и како да ги пласираат своите производи, оцени денеска претседателот на Советот на странски инвеститори Виктор Мизо. Како што истакна Мизо на прес-конференција во Владата, царините што ги воведе Трамп имаат делумно влијание и тоа главно врз фирмите што […]

Помина времето на странски инвестиции за илјадници луѓе. Треба да се насочиме кон вредност, а не бројка


Наместо кон странски инвестиции кои ќе вработуваат илјадници луѓе, Македонија треба да се насочи кон инвеститори кои ќе понудат поголема додадена вредност, а не само бројка. Ова, меѓу другото беше посочено денес во Стопанската комора на Македонија каде што домашни и странски експерти дебатираа на темата „Во време на турбуленции во глобалната трговија и во финансиските […]

И компаниите од автомобилската индустрија во Македонија загрижени поради американските царини


  Компаниите од автомобилската индустрија во Македонија се на штрек поради царините што ги најави американскиот претседател Доналд Трамп за увоз на возила во САД во износ од 25 отсто. Засега нема анализи како царините ќе се одразат врз извозот на компоненти, ниту како тоа ќе влијае врз бројот на вработени, но сигналите не се […]

Странските инвеститори со години се соочуваат со исти проблеми, најголем е недостигот на работна сила


Од постојните странски инвеститори во државава лани 38 отсто имале зголемен обем на работа, а 62 отсто намален. Дури 51 отсто од нив се соочиле со недостиг на соодветно квалификувана работна сила, а 49 проценти имале зголемени оперативни трошоци што го истакнале како проблем, покажуваат резултатите од Анкетата за странските директни инвестиции за 2024 година […]

Мизо: Комората да обучи 100 нови лидери кои ќе создаваат нова додадена вредност


Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“ и потпретседател на Стопанската комора, човек кој своето знаење и искуство стекнато во странство сака да го пренесе во својата држава, во најновото издание на подкастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески зборува за задачата на Комората да создаде, изгради, да обучи, развие и да промовира 100 нови лидери, млади, […]

Не се очекуваат отпуштања кај македонските фирми за автомобилски делови, но можно е некои да го намалат обемот на работа


 Претседателот на Советот на странски инвеститори, Виктор Мизо не смета дека ќе има отпуштања во македонските фирми кои се занимаваат со производство на автомобилски делови, но можно е, како што оцени денеска, да се намали обемот на работа кај некои од нив поради ситуацијата во Германија и генерално во Европа. Според Мизо, автомобилската индустрија ќе […]

20 години Мехатроника на Машинскиот факултет: Неопходни се посилни врски меѓу академската теорија и индустриската практика


Продлабочување на соработката меѓу академијата, индустријата и државните институции за да се реформира образованието и да спречи одливот на таленти, кои се иднината на домашната индустрија. Ова беше темата на која се задржаа учесниците на панел-дискусиите организирани на конференцијата RE-MEMBER 2024 по повод одбележување на 20 години од студиската програма Мехатроника при Институтот за механика […]

Анкета: Само 43 отсто од инвеститорите кои веќе инвестирале во земјава би го направиле тоа повторно по прв пат


 Само 43 отсто од странските инвеститори кои веќе инвестирале кај нас би се одлучиле повторно тоа да го направат по првпат во земјава. Како најголема предност за тоа ги истакнуваат ниските даноци  и поволната деловна клима, додека за дел од нив добро влијаат и ниските производни трошоци, достапноста на квалификувана работна сила, политичката стабилност и […]

Автомобилската индустрија во регионот: Каква е состојбата во Србија, Македонија и БиХ


На почетокот на месец октомври се одржа Годишната конференција на автомобилскиот кластер на Србија во близина на Белград на Сребрено Езеро. Со ретроспективен осврт на состојбата на автомобилската индустрија во земјите од регионот, претставниците кои беа дел од оваа конференција говореа за најголемите предизвици, актуелните трендови и иновации во оваа значајна индустрија. Владимир Томиќ, претставник […]