Владата ќе ја испрати до Собранието номинацијата на Пенов за министер за локална самоуправа
Владата денеска ќе ја испрати во Собранието номинацијата на Ристо Пенов за нов министер за локална самоуправа, откако претходно ја прати и оставката од таа функција на неговиот сопартиец од ЛДП – Горан Милевски, најави вчера премиерот Димитар Ковачевски. Милевски на 20 септември годинава поднесе оставка од функцијата, од, како што информира, лични причини. […]