Аргентинскиот претседател во Давос го прогласи „Макијавели за мртов“


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи изјави на Светскиот економски форум во Давос дека „Макијавели е мртов“ и го промовираше пазарот како единствен организатор на општествениот живот. „Стојам пред вас за категорично да кажам дека Макијавели е мртов“, беа првите зборови што ги изговори Хавиер Милеи на Светскиот економски форум во Давос. Нападот на крајно десничарскиот претседател […]

Шпанскиот крал не сака да го прими Милеи


Шпанскиот крал Фелипе Шести одбил да го прими аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој утре ќе престојува во посета на Мадрид, јавуваат шпанските медиуми. Милеи треба да слета во воздухопловната база Торехон де Ардоз во услови на дипломатски расправии меѓу Мадрид и Буенос Аирес поради забелешките што ги изнесе минатиот месец. И покрај тоа што побара […]

(Видео) Буенос Аирес во пламен, големи протести поради контроверзната реформа на претседателот


Интервентната полиција во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите пред зградата на Конгресот, откако пратениците во Сенатот на Аргентина првично ги одобрија реформите на претседателот Хавиер Милеи. Демонстрантите велат дека мерките ќе им наштетат на милиони Аргентинци бидејќи предвидуваат кратења на буџетот и социјалните бенефиции. […]

Милеи: Лондон ќе добие план за враќање на Фолкландските острови на Аргентина


Аргентинскиот претседател Хавиер Милеи и вети на Велика Британија „мапа на патот“ за предавање на Фолкландските острови на Буенос Аирес. „Сакам да го повторам нашето непоколебливо право на островите и да се обврзам дека за време на нашата влада ќе имаме јасна мапа за враќање на Малвините (Фолкландски Острови) на Аргентина“, рече Милеи. Аргентинскиот претседател […]

Аргентинскиот Сенат го отфрли указот на претседателот Милеи за економски реформи


Аргентинскиот Сенат (Горниот дом на националниот парламент) вчера го отфрли сеопфатниот указ за економски реформи на претседателот на земјата, Хавиер Милеи. Ова, според западните агенции, е сериозен удар врз програмата на шефот на државата за заздравување на „болната“ економија на земјата преку строги рестриктивни мерки. Партијата „Слободата доаѓа“ на економистот Милеи, која ја презеде функцијата […]

Новиот аргентински претседател Милеи ќе отпушти 5.000 вработени во владата


Администрацијата на новиот аргентински претседател Хавиер Милеи денеска објави дека новата влада ќе отпушти повеќе од пет илјади луѓе кои биле вработени на почетокот на оваа година, пред Милеи да ја преземе функцијата. Отпуштањето на владините службеници е дел од сеопфатниот план кој, според Милеи, има за цел да ја трансформира економијата на Аргентина. До […]

Новиот претседател на Аргентина, Милеи, положи заклетва


Новиот претседател на Аргентина, Хавиер Милеи денеска положи заклетва пред парламентот на земјата и со тоа и официјално ја презеде претседателската функција, јавија британските медиуми. Како претседателски кандидат, Милеи вети дека ќе го исчисти политичкиот естаблишмент од корупција, ќе ја елиминира Централната банка, која ја обвини дека печати пари и ја поттикнува инфлацијата и дека […]