Албанскиот парламент го ратификува договорот со кој Италија мигрантите ќе ги испраќа во Албанија
Албанскиот парламент денеска го ратификува договорот за миграција со Италија, кој ѝ дозволува да изгради центри за мигранти во оваа балканска земја. Седумдесет и седум пратеници во 140-члениот парламент гласаа за договорот, објавен во ноември, според кој членката на ЕУ, Италија, ќе отвори две прифатилишта за мигранти во Албанија, која не е членка на ЕУ. […]