Се обновуваат повеќе тротоари во Острово и Мичурин


Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска ја посети Општина Аеродром, каде интензивно се работи на реализација на инфраструктурни проекти финансирани преку првиот владин повик за поддршка на општински проекти, информират од Министерството за локална самоуправа. Во оваа најбројна скопска општина, велат, во тек е санација и рехабилитација на скверот зад ТЦ „Капитол“, се обновуваат […]

Општина Аеродром спроведува анкета за зонско паркирање во Мичурин


Општина Аеродром по барање на граѓаните и во соработка со Јавното претпријатие „Градски паркинг“ почна кампања за информирање на граѓаните за бенефициите од зонското паркирање што треба да се спроведе во населбата Мичурин. Паралелно со информативната кампања, се реализира и теренска анкета преку која граѓаните имаат можност да го искажат својот став за иницијативата за […]

Локализиран пожарот во напуштена куќа во Мичурин


 Пожар избувнал денеска во напуштена куќа во Мичурин, на улица Симеон Каврахиров. Командантот на противпожарната бригада Звонко Томески за МИА изјави дека пожарот е локализиран и дека во моментов пожарникарите ги расчитуваат остатоците.    – Интервенирано е со две возила и шест пожарникари, рече Томевски, кој вели дека засега не се познати причините за избувнување […]

Пожарот во Мичурин изгаснат по интервенцијата на противпожарната служба


 Пожарот кој попладнево избувна во станбен објект во Мичурин е изгаснат по интервенцијата на екипите од Противпожарната единица на Град Скопје. Според информациите од Противпожарната единица, нанесена е материјална штета но нема починати или повредени во текот пожарот. Противпожарната единица интервенираше со четири возила и 12 пожарникари за гасење на пожарот.

Пожар во стан во Мичурин, интервенира противпожарната служба


Пожар попладнево избувна во станбен објект во Мичурин, јави известувачот на МИА од терен. Во моментот интервенираат екипи од Противпожарната единица на Град Скопје. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот. 

Изгоре барака во Мичурин, спасена соседната


Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Мичурин од засега непознати причини. -Пожарот избувна во барака во Мичурин. На терен интервенираа три пожарникарски возила, со осум пожарникари, иако пожарот брзо се рашири. Со брзата интервенција спречен е да се прошири на соседната барака – вели командирот на Скопската бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.