Најмалку 13 лица се повредени во инцидентот на метро-станицата во Бруклин


Претставник на Противпожарната служба на Њујорк за Си-Ен-Ен изјавил дека 13 лица се пренесени во болница после пукањето на метро-станицата во Бруклин, Њујорк. Агенцијата ДПА, повикувајќи се на полициски извори, пренесе дека вооружен маж со гас-маска и портокалов елек каков што користат градежни работници фрлил димна бомба во возот во њујоршкиот кварт Бруклин, а потоа отворил оган врз патниците, […]