МЕМО е чекор поблиску кон признавање на гаранциите за потекло на струја, стана член на Асоцијацијата на издавачки тела


На Генералното собрание на Асоцијацијата на издавачки тела (AIB), Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје стана полноправна членка на Асоцијацијата. Со тоа, заедно со активностите кои ги преземаат Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Секретаријатот на Енергетската заедница за взаемно признавање на Гаранциите на потекло на електрична енергија (Guarantees […]

Белградски енергетски форум: Во фокусот ЦБАМ механизмот и регионалната интеграција: Каде е Македонија


Македонија повеќе не е пасивен набљудувач на енергетските процеси, туку држава што активно ги креира сопствените политики и се позиционира како релевантен и стабилен партнер во регионот – порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска на панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните […]

Почеток на пазарот за електична енергија во тековниот ден


И официјално почна пазарот за електична енергија. Директорот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски, на настанот на официјалното почнување на пазарот ден однапред порача дека денеска не се отвара само нов пазар, туку се отвара нова енергетска перспектива за нашата држава. Перспектива што значи стабилност, што значи доверба и што значи развој. На отворањето на пазарот на […]

Официјален почеток на Пазарот во тековниот ден


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје денеска и официјално ќе го означи почетокот на Пазарот во тековниот ден (Intraday Market). На настанот по овој повод, најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска. Поздравни обраќања ќе имаат и генералниот директор […]

МЕМО: АД ЕСМ се придружи на Пазарот во тековниот ден


АД ЕСМ е првата компанија која официјално се регистрира на пазарот во тековниот ден со што е подготвена за активно учество во првите трансакции на новиот пазарен сегмент, информираат од Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, кој од денеска го започна процесот на регистрација на нови учесници на пазарот во […]

МЕМО и словенечката енергетска берза БСП потпишаа Договор со кој започнува имплементацијата на пазарот во тековниот ден


Во просториите на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално беше потпишан Договор со словенечката енергетска берза БСП, како избран економски оператор за обезбедување услуги на трговски платформи и клиринг платформа за пазарите на електрична енергија во сегментите ден-однапред (Day-Ahead Market) и пазар во тековниот ден (Intraday Market). Пазарот […]

Расте бројот на компании на домашната берза на електрична енергија, претставени новите правила за учество на пазарот


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, одржа презентација и јавна расправа за „Правилата за регистрација на учество на пазарот на електрична енергија и уредување на пазарот на билатерални договори“. На настанот, на кој присуствуваа претставници од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, Регулаторната комисија за енергетика, МЕПСО, ЕСМ, како […]

МЕМО издаде 107.666 гаранции за потекло на електрична енергија


Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, во април годинава успешно го воспостави Регистарот на Гаранции за потекло на електрична енергија и за само два месеци издаде 107.666 гаранции. Како што се истакнува во соопштение на веб-страницата на Националниот оператор, на 26 мај, МЕМО официјално ги издаде првите Гаранции за потекло од обновливи […]

МЕМО: Постигнати значајни резултати во зајакнување на организираниот пазар на електрична енергија


Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО) информира дека во првата половина од годинава постигнати се значајни резултати во насока на зајакнување на организираниот пазар на електрична енергија и поддршка на енергетската транзиција. – МЕМО е официјално назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (НЕМО) за наредните четири години – важен чекор […]

Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО) официјално назначен за НЕМО – што значи тоа?


На седница на Владата, одржана на 5 јуни 2025 година, Националниот оператор на пазарот на електрична енергија (МЕМО ДООЕЛ Скопје) е назначен за Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија – НЕМО за Република Северна Македонија за наредните четири години. Номиниран оператор на пазарот на електрична енергија (НЕМО) е назначен оператор на организираниот пазар на […]

МЕМО ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија од обновливи извори на АД ЕСМ


Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје, денеска официјално ги издаде првите Гаранции за потекло на електрична енергија на АД ЕСМ. Со овој документ потврдуваме дека електричната енергија за која се издадени гаранциите на потекло потекнува од обновлив извор на енергија. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска ги […]

МЕМО од април почнува со издавање Гаранции за потекло на електрична енергија


 Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО ДООЕЛ Скопје од април ќе почне со издавање на Гаранции за потекло на електрична енергија, што претставува значаен чекор кој го поставува темелот за зголемена транспарентност и доверба на енергетскиот пазар во нашата земја, беше посочено на денешната јавна расправа за правилата за администрирање на Гаранциите […]

Јавна расправа за правилата за администрирање на гаранциите за потекло на електрична енергија


Националниот оператор на пазар на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ Скопје со поддршка на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска организира јавна расправа за правилата за администрирање на гаранциите за потекло на електрична енергија (Guarantees of origin, GOs). Јавната расправа, како што е најавено, ќе ја отвори министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, […]

Официјално започна тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија


Од денеска стартува тргувањето во евра на Македонската берза на електрична енергија, како еден од клучните аспекти за успешно интегрирање на македонскиот пазар на електрична енергија во единствениот европски пазар, соопштија од МЕМО.  Успешната имплементација на иницијативата на Одборот за организираниот пазар на електрична енергија на денешниот состанок беше поздравена. Управителот на МЕМО, Зоран Ѓорѓиевски […]

Mакедонската берза на електрична енергија да биде репер за цените по кои ќе се набавува струјата, вели Божиновска


Институциите и компаниите при јавната набавка на електрична енергија да применуваат стандардни тендерски правила преку кои договорите за снабдување би се индексирале согласно податоците на македонската берза – Индекс на МЕМО-Пазар ден однапред (ПДО), порача денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска. Како што истакна Божиновска, македонската берза на електрична енергија треба […]

МЕМО: Во септември на пазарот на електрична енергија реализирани трансакции од сопствено производство од 440 гигават часови


 Во септември годинава, согласно податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, на пазарот на електрична енергија реализирани се трансакции од сопствено производство во висина од 440 гигават часови, што е еднакво на трансакциите за вкупната потрошувачка на електрична енергија во нашата држава. Тука не се вклучени количините на електрична енергија активирани […]

Берзата на електрична енергија МЕМО работи на поврзување со берзите од регионот


Управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски учествува на дводневната конференција за тргување со електрична енергија во Централна и Југоисточна Европа (ETCSEE 2024) која се одржува во Будимпешта, Унгарија. На Панел дискусијата на тема: „Пазарно поврзување и можностите за тргување во Југоисточна Европа“, Шутиноски заедно со колегите од регионот […]

Во Брисел се одржува Форум за интеграција на пазарот на електрична енергија, учествува и првиот човек на МЕМО


  Управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски денеска во Брисел ќе учествува на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија, каде ќе има обраќање на Панел-дискусијата „Дали интеграцијата на договорните страни на Енергетската заедница ќе обезбеди посилен единствен европски пазар за електрична енергија“. Покрај, Шутиниски на панелот […]

Формиран Oдбор за организираниот пазар на електрична енергија


Формиран е Одбор за организираниот пазар на берзата за електрична енергија во рамки на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, составен од девет членови, учесници на националната берза, информираат од МЕМО. Конститутивниот состанок, како што нагласуваат, го водел Симон Шутиноски, управител на МЕМО кој ја истакнал важноста од формирањето на Одборот, согласно […]