Италија ја заплени најголемата јахта за едрење во светот на рускиот олигарх Андреј Мелниченко


  Италијанската полиција ја заплени суперјахтата на рускиот милијардер Андреј Игоревич Мелниченко, соопшти во саботата кабинетот на премиерот Марио Драги, неколку дена откако бизнисменот беше ставен на листата на санкции на ЕУ по руската инвазија на Украина. Едриличарската „Јахта А“ долга 143 метри, чија цена е 540 милиони евра, е запленета во Трст, соопшти владата. […]