Азир Алиу предлог за нов министер за здравство, Арбен Фетаи останува вицепремиер


Првиот вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од коалицијата ВЛЕН денеска пред почетокот на Централното претседателство на ВЛЕН најави дека на вечерашната седница Арбен Фетаи ќе биде вклучен во раководството на ВЛЕН и ќе остане вицепремиер за добро владеење, а Азир Алиу ќе биде предлог за нов министер за здравство […]

Меџити: На ВЛЕН ќе му се приклучат четворица пратеници од Европскиот фронт


Четворица пратеници од Европскиот фронт ќе му се приклучат на парламентарното мнозинство, најави првиот вицепремиер и еден од лидерите ВЛЕН Изет Меџити во интервју за Алсат. – ВЛЕН нема да остане со девет пратеници, ниту Европскиот фронт со оние што ги има. Движењата започнаа и мислам дека во наредните денови, особено следната недела, ќе се […]

Меџити до Таравари: Ти не донесе промена, Влен продолжува по патот на промената


Лидерот на Демократското движење и еден од лидерите на коалицијата „Влен“ Изет Меџити по излегувањето на Алијанса на Албанците на Арбен Таравари од владината коалиција напиша дека Влен продолжува по патот на промената. Во објава на „Фејсбук“, Меџити напиша дека Таравари не ја напуштил Владата, туку ја предал.  – Ти не донесе промена. Ти не […]

Средба на Мицкоски со лидерите на Вреди вечерва во Владата


Вечерва во Владата се одржува средба на премеирот и лидер на владејачката ВРМО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Вреди (Влен). Засега нема информација за темите за кои ќе се разговара на состанокот, но средбата доаѓа по најновите случувања во коалицијата Вреди, откако претседателот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, најави дека на следните локални […]

Меџити: Кичево ќе добие колекторски систем и пречистителна станица


По предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање, Владата на денешната седница ја усвои информацијата за реализација на проектот за подобрување на управувањето со отпадни води во Кичево. На денешната прес-конфереција во Медиа-центарот на Владата,  првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити рече дека проектот опфаќа изградба на […]

Со европски пари ќе се направат 87 пречистителни станици


За Република Северна Македонија, најголемите предизвици за Поглавјето 27 остануваат во областа на управувањето со води и отпад. Акцискиот план за имплементација на Директивите за отпадни води и вода за пиење предвидува вкупен трошок од околу 1,2 милијарди евра и рок за имплементација до 2041 година. Со овие средства е предвидена изградба на 87 пречистителни […]

Од еколошката такса на возилата ќе се распределат 229 милиони денари за еколошки проекти


Околу 4 милиони евра ќе подели Министерството за животна средина преку Јавниот конкурс за распределба на средства од Програмата за инвестирање во животната средина за 2025 година, кој е отворен следните три недели. Овој конкурс се спореведува секоја година, согласно член 174 од Законот за животна средина. Овие пари доаѓаат од еколошката такса која се […]

Се прават напори за спас на Преспанското Езеро


Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска се одржа состанок на советодавната мисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција. Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити посочи дека потребни се итни и координирани акции за спас на Езерото, истакнувајќи ги […]

Убиец преправен во адвокат уби водач на банда во судницата во Шри Ланка


Водач на озлогласена банда почина откако беше застрелан во судница во Шри Ланка од напаѓач преправен во адвокат, потврди полицијата. Според полициски извори, напаѓачот користел револвер кој во шуплива книга го прошверцувала жена осомничена дека помагала во извршувањето на кривичното дело, која се уште е во бегство. Водачот на бандата Санјева Кумар Самаратна, познат и […]

Меџити: Ќе создадеме илјадници работни места за Албанците


Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија и претседател на Демократското движење, Изет Меџити, даде силно ветување за вработување на Албанците во државната и јавната администрација. На партискиот настан по повод основањето на огранокот на Демократското движење во Шуто Оризари, Меџити истакна дека за една година Владата ќе реализира повеќе вработувања отколку што се направени […]

Меџити: Вкупно 1.500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил


Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори. „Во овој период ќе донесеме само една одлука на владата за трансформација на оние кои биле вработени во здравството во минатите влади и останале […]

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Изет Меџити


Собранието вечерва со три гласа „за“ и 64 против ја отфрли интерпелацијата за првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити што ја поднесе коалицијата „Европски фронт“. Интерпелацијата ја образложи Блерим Беџети, истакнувајќи дека „Европски фронт“ од првиот вицепремиер и министер бара политичка одговорност и оставка поради неговата неспособност да управува […]

Меџити: Да се спречат причините, наместо последиците за помалку аерозагадување


Министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити од Тетово порача дека иако се работи согласно акцискиот план со краткорочни мерки против загадувањето, уште повеќе општеството треба да се занимава со подолгорочниот пристап, односно да се спречат причините, наместо последиците. Според него, промената на начинот на греење е фокусот на подолгорочните мерки. – Домаќинствата […]

Пратениците во петок се враќаат на работа, на дневен ред интерпелациите на Меџити, Тошковски…


 Во петок пратениците се враќаат на работа, а на првата пленарна седница закажани се интерпелациите за првиот вицепремиер Изет Меџити, вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, министерот на внатрешни работи Панче Тошковски, заменик-министерот за внатрешни работи Астрит Исени и пратеничката и претседателка на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади Иљире […]

Меџити: Законот за употреба на јазиците е тема поради половични и нецелосни решенија на политиките на ДУИ


Јавноста дискутира за законот за употреба на јазиците поради нецелосните решенија и досегашните политики кои ги водела Демократската унија за интеграција (ДУИ), оцени денес владиниот потпретседател и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Ова е негов став даден по барање на новинарите на настан во Тетово, а по денешното соопштение на ДУИ […]

Меџити за инцидентите на Денот на албанското знаме: Ќе одговараат сите кои го прекршиле законот


За инцидентите што се случија на Денот на албанското знаме со палењето и сквернавењето на државното и албанското знаме ќе одговараат сите и нема да има компромис спрема ниту едно лицe коe го прекршилo законот, истакна денеска во изјава за медиумите првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет […]

Со 20 милиони евра, ќе се гради подземна гаража под плоштадот „Скендербег“ во Скопје


Владата донесе одлука да одвои 20 милиони евра за изградба на подземна гаража под плоштадот „Скендербег“. Овој повеќегодишен проект кој предвидува изградба на 371 паркинг-место, распоредени на две нивоа ќе се простира на повеќе од 13.000 метри квадратни. Соодветно, ќе има обезбедено места за лица со посебни потреби, рече министерот за животна средина и просторно […]

(Во живо) Прес-конференција на Изет Меџити


Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити со прес-конференција во Медиа центарот на Владата на Северна Македонија. Проследете ја во живо:

Меџити: Владата пак ќе даде нафта за ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот


Владата ќе излезе во пресрет на потребите на ЈСП-Скопје доколку не успее тендерот за набавка на нафта, вели министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. -Целта на оваа Влада е децентрализација и тоа се покажува и со средствата што се издвоени – оваа година 100 милиони евра за општините, наредната 250 милиони евра, […]