Компаниите може да ја користат медијацијата и во споровите со државата и општините


Бизнис заедницата да ја користи медијацијата не само во меѓусебните спорови, туку и во споровите со државата и општините, порачаа учесниците на денешната Регионална конференција за медијација што се одржува во Стопанската комора. Како што беше речено, во развиените држави медијацијата е редовна постапка, а кај нас се уште се спомнува како алтернатива на судската. […]

Од 2017 година досега реализирани 4.578 постапки за медијација


Од 2017 година заклучно со 30 септември 2023-та се реализирани 4.578 постапки за медијација. Од нив, 43 отсто или 1.981 се трговски спорови од кои, пак, околу 10 отсто завршиле успешно, со спогодба. Вкупно 45 проценти, пак, или 2.041 од 4.578-те постапки се работни спорови во кои најмногу влегла државата како работодавец, а од нив […]

Синдикатот на УКИМ со предлог до МТСП спорот за нивните барања да се решава со медијација


Предлог за мирно решавање колективен работен спор поднесе Синдикатот на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје до Министерството за труд и социјална политика кое предлогот ќе го достави до Собранието како преговарачка страна во однос на склучувањето Колективен договор за високо образование. Во одреден законски рок, Парламентот треба да се изјасни дали прифаќаат решавање […]

ССМ да достави барање за медијација во скопски „Водовод“, а МТСП ќе одреди медијатор


 По вчерашната најава на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) дека ќе побара од Министерството за труд и социјала лице да се јави во улога на помирувач за да се изнајде решение во ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска истакна дека доколку од ССМ достават барање за […]

Синдикатот на УКИМ најавува медијација пред штрајк ако Владата не ги повика на средба за нивните барања


 Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје очекува средба во Владата за исполнување на нивните барања и доколку таа не се реализира до крајот на идната недела, најавува медијација пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, вели дека минатиот месец им е најавена средба со премиерот, но сѐ уште […]

Дебата: Расте бројот на предмети решени со медијација, но информираноста е слаба


Поголемиот број од испитани судии и јавни обвинители не се доволно запознаени со користењето на медијацијата во земјава и напорите за промоција и поддршка на медијацијата, а сè тоа резултира со слаба упатеност на предмети на медијација. Сепак, сметаат дека нејзиното користење ќе помогне на правосудниот систем. Ова беше заклучено на завршната конференција „Употреба на […]

Јелисавета Георгиева-Јовевска прв национален координатор за медијација


Јелисавета Георгиева Јовевска е назначена за прв национален координатор за медијација. Георгиева-Јовевска е потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија и претседател на Асоцијацијата за медијација при Комората. Со новиот Закон за медијација, кој стапи на сила на 4 јануари 2021 година, ќе има Национален совет за медијација, тело на Владата на Република Северна Македонија, […]

Медијацијата „лек” за надминување на работни спорови


Медијацијата во Северна Македонија, повеќе се користи за надминување на работните спорови, посочи директорката на Институтот за европска политика, (ЕПИ) Симонида Кацарска, на денешната конференција на тема „Унапредување на квалитетот на медијацијата” и наведе дека постојат области како што на пример се потрошувачките спорови кои што Европска Комисија ги следи во своите извештаи на кои […]

Стопанската комора ќе ги промовира придобивките на медијацијата


Стопанската комора на Северна Македонија почнува повеќе активности за поголема промоција и афирмација на придобивките од медијацијата. Во тоа, како што соопшти, е институционално поддржана од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) – групација на Светска банка – -Во услови на нарушена ликвидност на компаниите, со цел рационализација на нивните трошоци, зачувување на добрите деловни односи со […]

Гордана Богеска нова претседателка на Комората на медијатори


Гордана Богеска е новиот претседател на Комората на медијатори. Таа ќе биде на чело на Комората во следните две години.   Богеска, како што соопшти Комората на медијатори, е избрана на денешното изборно собрание со мнозинство гласови.   Комората во претходниот период во два мандата ја водеше Славе Младеновски, кој по изборот на Богеска, истакна […]