Левицата бара укинување на РКЕ


Левицата предлага укинување на Регулаторната комисија за енергетика и префрлување на нејзините ингеренции на Министерството за енергетика. Ова на прес-конференција денеска го предложи пратеникот Амар Мециновиќ, оценувајќи дека постојниот модел ја продлабочува енергетската сиромаштија и овозможува прелевање јавни пари во приватни џебови. „Во период кога струјата постојано поскапува станува сѐ појасно дека нашата  енергетска сиромаштија […]

Мециновиќ бара јавна расправа за изборниот законик и најавува иницијатива во Собранието


Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, денеска најави дека ќе иницира јавна расправа за Изборниот законик во рамки на Комисијата за политички системи, со цел да се отвори суштинска дебата за потребните измени. Според него, моментот е најсоодветен бидејќи искуствата од последните избори се свежи, а проблемите се добро познати. -Изборниот законик е закон за граѓаните […]

Мециновиќ: Левица е обединувачка политичка сила за Скопје


Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст на поддршката по првиот изборен круг и дека левиот гласачки спектар цврсто се обединува околу нивната програма. -Во изминатите неколку дена гледаме голем прилив на нови поддржувачи. Многу граѓани кои досега не гласале за Левица, […]

Кој ќе го чисти Скопје, Ѓорѓиевски или Мециновиќ, ќе треба да кажеме на 2 ноември


Во Скопје ќе има втор круг локални избори, а идниот градоначалник ќе се бира меѓу Орце Ѓорѓиевски од Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ и кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, кои освоија најголем број гласови во првиот изборен круг.  Според податоците на Државната изборна комисија, по пребројани 99,92% од гласовите, за Ѓорѓиевски гласале 91.582 скопјани […]

Ѓорѓиевски – Мециновиќ, најизгледна битка за Скопје


Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ многу извесно ќе се пласира во вториот круг од локалните избори. Мециновиќ има над 1.500 гласа повеќе од кандидатката на СДСМ, Каја Шукова. Според 73 отсто обработени гласови во Скопје, Мециновиќ има 19.969, Башким Бакиу од Влен има  19.314, Каја Шукова од СДСМ, 17.227, а Скендер […]

Левица: Мециновиќ оствари средба со Елке Кар – примерот на Грац, инспирација за Скопје


Во градската куќа во Грац, кандидатот за градоначалник на Скопје Амар Мециновиќ и кандидатките за Советот на Град Скопје, Евгенија Станкоска и Андреа Јанков, остварија средба со градоначалничката Елке Кар, која неодамна беше прогласена за најдобар градоначалник на светот за 2023 година, се наведува во соопштението од Левица, што МИА го пренесува интегрално. „Имавме исклучителна […]

Мециновиќ: Институциите немаат никаква системска регулација и инспекциски надзор


Пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, остро реагираше на социјалните мрежи, за огромниот пожар што избувна во фабриката за електронски отпад во Трубарево и предизвика вознемиреност кај скопјани. Мециновиќ прстот го впери кон лицемерието на властите и стручните кругови кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните, се вели […]

Левица поднесува закон за зголемување на минималната плата на 500 евра


Пратеничката група на Левица, преку пратеникот Амар Мециновиќ, денеска на прес-конференција најави предлог за измени на Законот за минимална плата со кој се бара зголемување на минималната месечна плата на 30.000 денари, почнувајќи од јули 2025 година. Предлогот, како што истакна Мециновиќ, е изготвен во согласност со барањата на синдикатите и е одговор на тешката […]