УЈП го презентираше системот е-фактура пред банкарскиот сектор


Во соработка со Македонската банкарска асоцијација (МБА), Управата за јавни приходи одржа работилница посветена на проектот е-Фактура, на која присуствуваа околу 50 претставници од банкарскиот сектор, соопштија од УЈП. Работилницата претставува уште еден чекор во заедничките напори за дигитализација на процесите поврзани со фактурирањето и јакнење на соработката меѓу институциите и деловниот сектор. Како значаен […]

Прв унифициран национален ESG прашалник за компаниите започнува со примена


Преку ESG Комисијата при Македонската Банкарска Асоцијација, со решение од Македонско Кредитно Биро, изработен е првиот унифициран национален ESG Прашалник наменет за сите компании во земјава, кој ќе се применува од утре, 01.04.2026 година, сооптија од МБА. (ESG  е кратенка за Environmental, Social, and Governance – eколошки, социјални и управувачки аспекти. Тоа е рамка што […]

Од 1 март 2026 година почнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања


Македонската банкарска асоцијација информира дека во согласност со Законот за платежните услуги и платните системи, со кој во националното законодавство е транспонирана директивата (ЕУ) 2015/2366 за платежни услуги на внатрешниот пазар (PSD2), од 1 март 2026 година почнува примената на засилена автентикација на корисниците (Strong Customer Authentication – SCA) при извршување одредени платежни трансакции. Засилената […]

Банкарските провизии ги определува секоја банка поединечно, велат банкарите


Банкарите сметаат дека евентуалното намалување на банкарските провизии што ги наплатуваат за нивните услуги е сложен процес кој бара внимателна анализа на трошоците, и посочуваат дека цените на банкарските услуги ги определува секоја банка поединечно. Ова денес било соопштено на состанокот во Македонската банкарска асоцијација (МБА), помеѓу претставници на банките и новиот гувернер на Народната […]

Гувернерот Славески бара банките да ги намалат провизиите, првиот чекор ќе го направи Народната банка


Народната банка ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се надоместоците поврзани со долговниот промет, но очекува во најкус можен рок банките да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и да ги постават на разумно […]

Македонскиот тим – вицешампиони на финалето на Европскиот квиз за пари за 2025 година


Нашите претставници на Европскиот квиз за пари, учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „ Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска, го освоија второто место на овој престижен меѓународен натпревар за млади во областа на финансиската писменост, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА). Финалето се одржа на 23-ти мај […]

МБА: Договорите со банките ќе се потпишуваат согласно нивните интерни процедури


Македонската банкарска асоцијација попладнево соопшти дека од страна на Развојната банка е доставен рамковниот договор за учество во кредитната линија од унгарскиот заем наменета за компаниите. Банките, како што информираат од МБА, ќе ги потпишуваат договорите со Развојната банка во согласност со нивните интерни процедури, а по склучувањето на договорите, средствата ќе бидат ставени на […]

Бојан Стојаноски именуван за заменик-претседател на Македонската банкарска асоцијација


Македонската банкарска асоцијација информира дека на 48. Седница на Собранието го именуваше Бојан Стојаноски за заменик-претседател на Асоцијацијата, со мандат од четири години. Стојаноски е истакнат банкарски професионалец со повеќе од 25 години искуство во банкарскиот сектор, од кои 15 години на раководни позиции. Тој е долгогодишен и активен член на Македонската банкарска асоцијација уште […]

Владата и банкарите не се договорија за каматата од унгарскиот кредит, договорени роковите за враќање


  Премиерот Христијан Мицкоски и банкарите денес не најдоа заеднички прифатливо решение за каматната стапка по која што банките ќе ги одобруваат кредитите кон компаниите од унгарскиот заем кој неодамна го зема Владата. По средбата која што се одржа денес во Министерството за финансии и на која покрај премиерот Мицкоски беа и министерката за финансии […]

Вицегувернерката Нацевска: Високата доверба на граѓаните во домашните банки се огледа во растот на штедните влогови за 35 отсто


„Од почетокот на пандемијата па досега, депозитите на домаќинствата во македонските банки бележат раст од околу 35% и моментално тие сочинуваат околу 60% од нивната финансиска актива. Уште позначајно е што учеството на денарските депозити во вкупните заштеди на домаќинствата веќе надминува 50%, со што продолжува трендот на денаризација. Довербата во банкарскиот систем се огледа […]

ИСОС и МБА склучија партнерство за развој на сметководствената професија и имплементација на меѓународните стандарди


Јакнење на меѓусебната соработка преку искористување на целокупното расположиво знаење и искуство на двете организации, во насока на поттикнување и афирмација на областите од заеднички интерес и делување, се главните цели кои треба да се остварат со Меморандумот за соработка помеѓу Институтот за сметководители и овластени сметководители (ИСОС) и Македонската Банкарска Асоцијација (МБА), што го […]

МБА предупредува за сомнителни СМС пораки за корисниците на платежни картички


Македонската банкарска асоцијација се приклучи на апелите за внимание околу актуелната кампања за smishing (SMS phishing) за корисниците на платежни картички. „Согласно искуството кое клиентите го пријавуваат, до нив стигнува СМС порака на македонски јазик од SMSinfo во врска со „погрешна адреса“ на пратка заедно со линк кој води до лажна веб страница наменета за […]

Трошоците за онлајн трансакциите во нашата земја се едни од најниските во светски рамки, велат банкарите


Трошоците за онлајн (e-commerce) трансакциите во нашата земја се едни од најниските во светски рамки, имајќи во предвид дека просечните трошоци во одредени региони во светот се повисоки, велат од Македонската банкарска асоцијација (МБА). Тоа лесно се проверува со едноставно пребарување на интернет, посочуваат од МБА. Асоцијацијата на банкарите појаснуваат дека ова го наведуваат како […]

Одбележан петгодишниот јубилеј на „Европскиот квиз на пари“ во нашата земја


  Во Македонската банкарска асоцијација (МБА) вчера се одбележа мал јубилеј – 5 години „Европски квиз на пари“ во нашата земја. Притоа беа истакнати досегашните солидни резултати на ова европско натпреварување за ученици на возраст од 13 до 15 години, како и подготвеноста за натамошно поттикнување на финансиската едукација на младите генерации. На средбaта, претседателката […]

Македонската банкарска асоцијација и Агенцијата за заштита на личните податоци склучија меморандум за соработка


Македонската банкарска асоцијација (МБА) и Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) потпишаа Меморандум за соработка за постојано унапредување на степенот на заштитата на личните податоци во Република Северна Македонија. -Меморандумот ги изразува заложбите на МБА и АЗЛП за соработка во областа на заштитата на личните податоци со цел ефикасна и целосна имплементација на законските прописи и […]

МБА: Банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните


Менувачките работи кај банките се одвиваат непречено, а банките располагаат со доволно девизна готовина и девизи за задоволување на сите потребите на граѓаните, информираат од Македонската банкарска асоцијација (МБА). -Притоа, курсевите по кои се спроведуваат трансакциите се транспарентни, јавно објавени на секое менувачко место и се на стабилно ниво. Апелираме до граѓаните непотребно да не […]

МБА: Фондот за осигурување депозити целосно е финансиран од премиите


Фондот за осигурување на депозити иако е државна финансиска институција основана со посебен закон, целосно е финансиран од премиите за осигурување на депозитите на физичките лица кои ги уплаќаат банките и штедилниците согласно нивната законска обврска, соопшти Македонската банкарска асоцијација (МБА) во врска со, како што наведува, неодамнешните написи објавени во медиумите со кои се […]