ДИЦ денеска ќе одлучува во врска со споделувањето на тестот од државната матура


Државниот испитен центар (ДИЦ) денеска на стручен колегиум ќе одлучува за начинот на постапување на оценувачите во врска со преписот што се случи во саботата, на полагањето на испитот по мајчин јазик – првиот од двата екстерни испита на државата матура, изјави за МИА директорката на ДИЦ,  Билјана Михајловска. Одлуката би била позната во текот […]

МОН: Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура


Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде […]

В сабота почнува полагањето на државната матура со тестот од првиот екстерен испит


Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема […]

Симулација на полагање на државна матура во две средни училишта во Штип


Во две средни училишта во Штип денеска се реализираше симулација на полагање на државна матура за матурантите, кои на 1 и 8 јуни официјално ќе полагаат државна матура. Снежана Санева, раководител на Секторот за образование во Општина Штип, изјави дека симулацијата ја прават по анкетирањето на повеќе од 100 матуранти, кои над 90 проценти одговориле […]

Прифатени 268 од 686 приговори за државната матура од јуни, пријавување за августовскиот испитен рок


 Државниот испитен центар (ДИЦ) соопшти дека по прелиминарните резултати од државната матура во јунската испитна сесија, објавени на 4 јули, приговор во законскиот рок поднеле 686 кандидати од кои прифатени се 268.  -Доколку на кандидатите им е прифатен приговорот, се менуваат перцентилите и/или оценката по тој предмет. Во рамките на законските прописи, денеска (12 јули […]

ДИЦ го демантира министерот за образование


Откако денеска МОН излезе со соопштение за одговорноста со споделување тестови од државната матура во кое вели дека министерството побарало да се одржува матура во големи простории, сали или холови,  од ДИЦ демантираат. „Кога Синдикатот на СОДИЦ го стави штрајкот во мирување во интерес на учениците и одлучи дека ќе покаже практично што значи грижа […]

Павиќевиќ: Виновни се и тие што препишувале и тие што дозволиле да се препишува


Тоа што се случи вчера претставува пропаст на нашата колективна свест, совест и доблест. За таквите дејства не се виновни само учениците, туку и системот што тоа го дозволил, изјави претседателот на Сојузот на средношколци во заминување Лука Павиќевиќ. – Вината припаѓа на сите – и на тие што препишувале, и на тие што дозволиле […]

ДИЦ: Тестовите од државната матура не се пробиени, се споделувле преку Вибер


Реакцијата на Државниот испитен центар следува откако повеќе медиуми објавија оти наводно тестовите по англиски јазик од испитот на зрелоста биле „пробиени“ и споделени во групи на апликацијата Вибер. Тестовите од државната матура подготвени од Државниот испитен центар (ДИЦ) не се пробиени, туку прашањата се споделени откако испитот започнал, соопшти попладнево ДИЦ. Нивната реакција следува […]

Втор хакерски напад врз платформата за спроведување на завршните испити во средните училишта во Грција


Втор ден по ред хакерски напад создава проблеми во спроведувањето на завршните испити во средните училишта во Грција, а според грчките медиуми, обвинителот од Врховниот суд веќе наредил да се спроведе истрага, јави дописничката на МИА од Атина.  Националната мрежа за технологија и истражување утрово била на мета на хакерски напад, по што паднала и […]

Дебата: Дали државна матура или приемен испит на факултетите?


Дали државната матура е успешен концепт или е неопходно повторно да се воведе приемен испит при запишување на факултет и дали на завршниот испит за средношколците му се потребни промени и приспособувања на новото време. Овие прашања беа отворени на дебата организирана од Американскиот универзитет на Европа – ФОН на која дискутираа негови студенти и […]

Синдикатот на ДИЦ го става штрајкот во мирување – матура ќе има


Синдикатот на Државниот испитен центар со пишано соопштение и пораки до матурантите и до министетрот за образование и наука објави дека го става штрајкот во мирување. – Насилните мерки и притисоци на министерот Шаќири со обид да внесе надворешни лица во процесот на државната матура – процес кој е со висок степен на тајност, ќе […]

ДИЦ сѐ уште штрајкува: Веќе е невозможно матурата да се одржи на 27 мај


Неуспешни два состанока имал синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) за кој е неприфатлива понудата од Министерството за финансии по околу илјада денари зголемена плата за вработените. Вториот состанок бил во четвртокот во МОН, во присуство на министерот за образование и претставници од Министерството за финансии. Вработените во ДИЦ го продолжуваат штрајкот и денеска побараа […]

Продолжува штрајкот на ДИЦ, Министерството за финансии жали за нивните мали плати


Вработените во Државниот испитен центар одлучија да го продолжат штрајкот и му оставаат на Министерството за финансии рок до петок позитивно да одговори на нивните барања за зголемување на платите за да може да се одвиваат сите процеси кои зависат од нив, вклучително и задолжителната матура. „После петок, со било какви преговори ќе треба да […]

Тестирањето ТИМСС прва жртва на штрајкот на Државниот испитен центар


Тестирање ТИМСС (TIMSS – Trends in International Mathematics and Science Study), кое почна на 3 април, а во кое се опфатени 150 основни училишта од државата и до крај на наставната година треба бидат тестирани околу 4.900 ученици на македонски и на албански јазик, денеска не се одржа, во училиштата во кои беше закажано, затоа […]

Од штрајкот во ДИЦ засегнати 15.620 матуранти, апели да се најде решение за барањето на вработените


За помалку од еден месец, 27 мај, 15 620 средношколци кои се пријавиле да полагаат државна матура треба да бидат тестирани по првиот екстерен испит – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература. Завршниот испит ќе биде неизвесен доколку повеќе од една недела трае генералниот штрајк, кој вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) го почнаа […]

Шаќири: Да не се користи државната матура за остварување на целите на вработените во ДИЦ


Откако вработените во Државниот испитен центар најавија еднонеделен штрајк, поради неусогласените плати, со што се доведува во прашање и одржувањето ан државната матура, министерот за образование Јетон Шаќири повика да не се прави тоа врз грбот на средношколците. – На сите вработени кои се вклучени во јавната администрација, на сите ресори вклучени во Владата, им […]

Државниот испитен центар од денеска штрајкува, ќе се одржи ли матура?


Државниот испитен центар почна штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови. Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за директори, […]

МОН: Испитниот материјал за државната матура е соодветен


 Испитниот материјал за полагање на државната матура во учебната 2022-2023 е соодветен на случувањата во училиштата во целиот изминати период на образование на оваа генерација матуранти. Испитните комисии кои ги подготвуваат прашањата, имаат предвид дека наставата повремено се организираше онлајн поради пандемијата со Ковид и поради заканувачките дојави, а повремен прекин се случи и поради […]

Шаќири ќе разговара со ДИЦ по барањата за кратење на материјалот за матура


По најавите за протести на матурантите, кои бараат да им се намали материјалот за полагање државна матура, затоа што учебната година им беше нецелосна по редовните дојави за бомби, министерот за образование Јетон Шаќири вели дека е расположен да се сретне со нив.  Но, додава Шаќири, засега матурантите имаат добиено насоки за одржување на државната […]

Матурантите бараат намалување на материјалите или изоставање на предмет


На денешната дебата „Државна матура 2023: што велат матурантите?” организирана од ОДАС Организација за дијалог и афирмација на средношколците и студентите се дискутираше за предизвиците со кои средношколците се соочуваа последниве четири години и како тие ќе влијаат на полагањето на државната матура. – Главниот заклучок беше дека ние како генерација немавме една целосна непрекината […]