МАСИТ: ИКТ-секторот во Македонија достигна 1,77 милијарда евра приходи и 676 милиони евра извоз


Македонскиот ИКТ-сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во државата достигнувајќи вкупни приходи од 1,77 милијарда евра во 2025 година и извоз од 676 милиони евра, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки Digital Bridge & Business ICT Forum организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE – информира денеска МАСИТ во соопштение, […]

Средба на Алиу со претставници на МАСИТ за дигитализација во здравството


 На денешната средба со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, предводени од претседателот Јордан Димитровски, разговаравме за процесите на дигитализација во здравството и за можностите за вклучување на ИКТ секторот во нивниот понатамошен развој, информираше вечерва министерот за здравство Азир Алиу на Фејсбук. – Дигитализацијата е суштински предуслов за поефикасен, […]

ИТ секторот има огромен потенцијал – постои дигитален јаз помеѓу училиштата во различни региони


ИТ секторот има огромен потенцијал за раст, но и значајна општествена моќ да придонесе за унапредување на образовниот систем и подготовка на идните генерации. Ова го истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска на панел дискусијата „Кој ќе ја кодира иднината? – Едукација, кадар и потребите на ИКТ индустријата“, што се одржа […]

Годишна конференција на МАСИТ „Recode Reality“


Во Скопје денеска ќе се одржи конференцијата MASIT 2.0 – „Recode Reality”, организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. Темата на конференцијата, како што соопштува организаторот, носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието. Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, „Македонија […]

Димитровски од МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија има капацитет да биде вистински партнер во дигитализацијата на општините


На Меѓународната конференција организирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада во Скопје, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, учествуваше на панелот „Иновации во дигитализацијата на локално ниво – Пат кон одржлив развој“. Во своето обраќање, Димитровски нагласи дека на дигиталната трансформација на општините не треба да се гледа како луксуз и трошок, туку неопходност […]

ИКТ секторот лани генерирал 1,65 милијарди евра приход, вработува 24.000 лица


Најновата компаративна анализа на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ покажува дека ИКТ-секторот во 2024 година генерирал 1,65 милијарди евра приход што претставува раст од 12,5 проценти во однос на 2023. Во исто време, бројот на вработени се зголемил на речиси 24.000 лица, а инвестициите во човечки капитал и бенефиции достигнале историски […]

Избрано ново раководство на МАСИТ


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) на 19. редовно годишно Собрание избра ново раководство. Според последните статутарни измени на Комората, за нов Претседател на Комората, како официјален претставник на МАСИТ е Претседателот на Управниот одбор, а не Претседателот на Собранието како што беше претходно. Така, Претседател на Комората е Јордан Димитровски од компанијата […]

МАСИТ бара да се укине „недела неработен ден“


 Да се укине „недела неработен ден“ и да им се овозможи на ИТ инженерите работа од дома, како и скратено работно време, бара Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ). Ова, како што му беше предочено денеска на премиерот Христијан Мицкоски, се поволности кои во светот се применуваат со години. Како што изјави претседателката […]

Премиерот Мицкоски во посета на МАСИТ


Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. По посетата, како што е најавено, премиерот Мицкоски ќе даде изјава за медиумите. МАСИТ ја претставува македонската ИКТ индустрија и ги промовира и застапува бизнис интересите на ИКТ компаниите со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата и бизнис […]

Годишна конференција на МАСИТ со фокус на вештачката интелигенција


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ денеска и утре ја организира 19-тата годишна конференција.  Темата на конференцијата денеска е  „Вештачката интелигенција наспроти работната сила – преку адаптација до иновација“, а утре темата е „Практична примена на вештачката интелигенција во медицина, фармација и стоматологија“ која се организира во соработка со Адвокатска канцеларија Најденовски, коорганизатор […]

МАСИТ: Компаниите од ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на интелектуалните права


Поради брзото напредување на технологијата и глобализацијата, заштитата на правата од индустриска сопственост станува сè повеќе предизвикувачка. Затоа, компаниите во ИКТ секторот треба да имаат стратегии и механизми за заштита на своите интелектуални права, вклучувајќи ги патентите, заштитните знаци, авторските права и други форми на заштита, порачува Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) […]

Платите во ИТ секторот во Македонија речиси исти со европските


Интегрирање на сите дигитални процеси во државата и обединување на сите чинители во општеството кои имаат огромна улога во процесите на дигитализацијата и дигиталната трансформација, е целата на 18-тата Годишна конференција на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ што денеска се одржува во Скопје на тема „Building Bridges: Towards Our Common Digital […]

Годишна конференција на МАСИТ


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ денеска ќе ја одржи годишната конференција на тема: „Building Bridges: Towards Our Common Digital Future“, под мотото #DIGITALUNITED. Целта е, како што соопшти Комората, да испрати порака за обединување на сите чинители во општеството, кои имаат огромна улога во процесите на дигитализацијата и дигиталната трансформација во […]

МАСИТ: Социјалните мрежи да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат


Средствата и каналите за комуникација како социјални мрежи и останати форми треба да се насочат во едукативни цели, а не да се укинуваат. За тоа е потребен интегриран концепт и стратегија со вклучување на сите инволвирани страни, започнувајќи од родителите, училиштата, стручните служби, институциите и целокупното општество, велат од Стопанската комора за информатички и комуникациски […]

Битиќи на средба со МАСИТ: Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија


Либерализацијата на пазарот на труд е потребна и за растечката ИКТ индустрија, било заклучено на денешниот работен состанок на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, станало збор за прашањето за недостиг […]

МАСИТ избра ново раководство


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ) го одржа 16. редовно годишно изборно собрание, на кое беше избрано новото раководство со мандат до март 2025 година. За претседател на Управниот одбор е избран Илија Господинов од компанијата „Ендава“, a заменик претседател на Управниот одбор е Весна Иваноска од „Сивус“ – едукативен и развоен центар. […]

АЕТМ и МАСИТ со иницијатива за прецизирање на повластената стапка за ДДВ за софтверски решенија


Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ и Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, заеднички предлагаат измена на Законот за данок на додена вредност чија цел е прецизирање на повластената стапка од 5 отсто ДДВ за софтверски решенија, вклучително и на решенија за е-трговија, која, како што велат, е потребна со цел елиминирање […]