Значителен раст на интересот за студирање машинство – на Машинскиот факултет при УКИМ запишани 233 студенти


Машинскиот факултет – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2025/26 година, бележи извонреден успех на првиот уписен рок за прв циклус студии. На овој рок се запишаа вкупно 233 студенти, што претставува зголемување од дури 43% во однос на минатата академска година. Овој значителен пораст претставува јасен показател за зголемениот […]

На Машински факултет почна TECHSIGHT: Идни инженери се подготвуваат за претприемачки предизвици


Проектот TECHSIGHT, финансиран од EIT HEI иницијативата на Европската Унија, официјално денеска почна со пилот-активности на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со практична работилница на тема „Стратешко предвидување за стартапи подготвени за иднината“. Оваа меѓународна активност обединува 160 студенти од Машинскиот факултет при УКИМ и 60 студенти од Дуалната висока […]

Машински факултет доби лабораториска опрема вредна 70 илјади евра од ЛТХ Леарница Охрид


Машинскиот факултет – Скопје доби на трајно користење индустриска опрема од компанијата ЛТХ Леарница Охрид, наменета за Лабораторијата за производни технологии и процеси. Донираната опрема е во вредност од над 70 илјади евра, а целта е да ја унапреди практичната настава на студентите од овој факултет на УКИМ.  На настан по повод донацијата на опремата […]

Форум „Електробус“ на Машински факултет: Електричните автобуси се клучни за подобрување на квалитетот на воздухот


Иднината на одржливиот транспорт и подобрување на квалитетот на воздухот преку воведувањето на електричните возила во јавниот транспорт се темата на форумот „Електробус“, кој се одржа денес на Машинскиот факултет. Настанот е организиран во соработка со партнерите на факултетот „Stark Energy“ и унгарската компанија Икарус, која пред присутните ги претстави техничките карактеристики на електричниот автобус […]

Студенти од Машински факултет и ФЕИТ создадоа иновативен уред за рециклирање отпад


Младиот студент – истражувач Матеј Милосиевски од студиската програма Мехатроника на Машинскиот факултет (МФС) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со неговиот колега Андреја Поповиќ од Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ), создадоа уред за рециклирање отпад од полиетилен терефталат (PET) во филамент за 3D печатење. Милосиевски, во соработка со менторите […]

Форум на Машински факултет: Зелени вештини за добро платени работни места


Зелениот развој и транзицијата кон зелена економија отвораат нови можности за вработување, а како до нив беше, тема на Форумот „За развиена зелена економија потребни се зелени вештини“, што се одржа на Машински факултет. Форумот е во рамките на „Саемот за пракса и вработување“, кој се одржа на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и […]

20 години Мехатроника на Машинскиот факултет: Неопходни се посилни врски меѓу академската теорија и индустриската практика


Продлабочување на соработката меѓу академијата, индустријата и државните институции за да се реформира образованието и да спречи одливот на таленти, кои се иднината на домашната индустрија. Ова беше темата на која се задржаа учесниците на панел-дискусиите организирани на конференцијата RE-MEMBER 2024 по повод одбележување на 20 години од студиската програма Мехатроника при Институтот за механика […]

Ден за кариерен развој на техничкиот кампус на УКИМ


Ден за кариерен развој ќе се одржи денеска од 12 до 16 часот на техничкиот кампус на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“- Скопје (голем паркинг кај ФЕИТ и Машински факултет), во организација на Центарот за кариера на УКИМ. Настанот е наменет за сите студенти со цел унапредување на нивните вештини и насочување во натамошен кариерен развој. […]

На Машинскиот факултет при УКИМ отворен Саем за пракса и вработување


Вчера, Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје го отвори Саемот за пракса и вработување. Во лобито на Машински факултет се поставени штандови на вкупно 24 добро познати компании кои веднаш го привлекоа вниманието на идните инженери од Машинскиот факултет, но и останатите студенти од инженерскиот кампус. „Соработката меѓу индустријата и факултетите […]

Активен и во науката: Професорот Мицкоски vs политичарот Мицкоски


Професорот Христијан Мицкоски до крајот на годината ќе биде избран за редовен професор на Машинскиот факултет во Скопје. По активното влегување во политиката и изборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ во декември 2017 година, тој остана активен и во науката и во професурата. Во периодот кога партијата започна со кампањата „Обнова за Македонија“, се објавија два […]