Инфлацијата не е алармантна, нема потреба да се ограничат маржите или цените, вели заменик министерот за економија


Имаме нормална инфлација со оглед на кризата во светски рамки, која не е на алармантно ниво за да се ограничат маржите или цените. Ситуацијата постојано се следи и ако има потреба, Владата ќе ги спроведе сите законски можности и решенија. Нормално е да има мало покачување на цените на одредени производи, но сето тоа е […]

Во тек се инспекциски контроли во маркетите, ако има зголемувања на маржите ќе се преземат мерки


Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) од 10-ти до 20 мај спроведува контроли во сите ланци маркети. Ако утврди дека има зголемувања на маржите, ќе бидат преземени соодветни мерки, соопшти денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Како што рече Дурмиши, 30 тимови се на терен, а неофицијално, од информациите по првите четири дена од почетокот […]

Покренати постапки за дел од трговците заради цените на храната, ставале „нелогични“ маржи, вели Мицкоски


Премиерот Христија Мицкоски соопшти дека веќе има постапки за дел од трговците поради состојбата со цените на храната и оти е убеден дека, како што изјави денеска,  девијантното однесување кај ланците маркети ќе се сведе на минимум. На новинарско прашање за индексите на цените во земјоделството во август годинава Мицкоски наведе дека трошоците за импут […]

Со новите владини мерки, од утре во Србија се очекуваат пониски цени за околу 20.000 производи


 Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи Владата, со усвојување на Уредбата за посебни услови за вршење трговија за одредени видови стоки, ги ограничи маржите на до 20 проценти. Новите правила ќе важат за сите трговски субјекти кои во 2024 година оствариле […]

Владата на Србија усвои уредба за ограничување на маржите на 20 проценти


Владата на Србија денеска ја усвои уредба за ограничување на маржите во трговските синџири на 20 проценти за производи од 23 категории. Примената почнува од 1 септември.  Тоа се: млеко и млечни производи, мешани производи, јајца, безалкохолни пијалоци и чај, свежо овошје и зеленчук, претходна преработка на овошје и зеленчук. Министерот за финансии Синиша Мали […]

Српската Влада утре ќе донесе одлука за ограничување на маржите, поевтини производи од понеделник


Владата на Србија утре ќе усвои уредба за ограничување на трговските маржи, што има за цел ограничување на маржите на 20 проценти и дека од понеделник, 1 септември, најмалку 3.000 производи со намалени цени ќе се најдат на полиците на малопродажните синџири во Србија. По средбата со претставници на трговците на мало и на големо […]

Утре истекува мерката за ограничени цени и маржи – да се надеваме дека трговците ја научиле лекцијата


 Министерството за економија и труд прво ќе ги согледа конечните резултати што ги даде мерката за ограничени цени и маржи, а потоа ќе одлучи што ќе правиме понатаму, најави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. – Од она што го имаме досега од Државниот завод за статистика резултатите се добри, но ги […]

Објавувањето на цените на интернет ќе стане обврска за маркетите: Поднесен е Закон за заштита на потрошувачите


Маркетите на нивните интернет страници ќе мора да ги ажурираат податоците за сите производи кои што ги продаваат и тоа на дневна основа. Ова се предвидува во законскиот предлог за заштита на потрошувачите што го поднесоа пратеници од владејачкото мнозинство. Ова беше предвидено како препорака, но не и како обврска во неодамнешната одлука на Владата […]

Ќе поевтинат ли над 1.000 производи? Мерките стапија на сила, трговците предупредуваат на „големи штети“


Од денеска се очекува да поевтинат над 1.000 прехранбени и непрехранбени производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. На самиот старт на владините одлуки, вчера реагираа од Комората на трговци на големо и на мало, од каде […]

Лукаревска: Последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична


Владата и парламентарното мнозинство веднаш да ги прифатат предлозите на СДСМ за намалување на ДДВ за струја и укинување на ДДВ за храна, повика денеска пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска и нагласи дека последната одлука на Владата да се ограничат маржите е задоцнета и половична.  -Замрзнувањето со ниво на цени од 1 февруари e погрешно, […]

Трговците на големо и мало загрижени по одлуките на Владата, бараат средба со премиерот Мицкоски


Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалоци и тутун денеска преку соопштение изразува сериозна загриженост за вчерашните одлуки на Владата, кои беа соопштени од заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Бараат итна средба со премиерот Христијан Мицкоски и со министерот за економија и труд Бесар Дурмиши […]

Се ограничуваат маржите за 102 групи производи, а за осум се замрзнуваат цените


  Владата на денешната седница донесе две одлуки со кои за 102 групи производи се ограничуваат маржите во трговијата на големо и на мало, а за осумте најосновни производи практично се замрзнуваат цените на ниво од 1 февруари годинава. Двете одлуки ќе стапат на сила следниот ден откако ќе бидат објавени во „Службен весник“, а […]

Владата уште се пазари со трговците, цените во маркетите и натаму во слободен режим


  Министерството за економија и труд неделава се очекува да се изјасни по предлогот даден од страна на новата Комора на трговци за поевтинување на 100 до 200 прехранбени производи, средства за хигиена и бебешка храна откако во петокот беше остварена средба во Министерството. Како што изјави во петокот Даница Блажевска од „Рептил“ маркети, претставниците […]

Владата ќе ги ограничи маржите за 100 групи производи, мерката ќе важи до 30 април


  Владата денеска реши да се замрзнат маржите на основните прехранбени и непрехранбени производи, како мерка со која верува дека ќе застане на пат на високите цени во маркетите. Маржите во трговијата на мало ќе се ограничат на 10 отсто, а исто толку и во трговијата на големо. Министерството за економија и труд е задолжено […]

Кафе од 194 грама, кисело млеко од 300 грама… Трговците најдоа начин да ги „прескокнат“ ограничените маржи


Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат на секаков начин да го заобиколат законот и да остварат профит. Имаат празни рафтови и не се снабдени доволно со производите опфатени со Одлуката. Вршат и големи притисоци врз добавувачите, рече денеска на прес-конференција директорот […]

Утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики, ќе поевтинат ли 2.500 производи


Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој дополнително треба да ги намали цените на производите и треба трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што […]

Црногорската влада ги ограничи маржите за 66 производи


Црногорската влада усвои нови мерки за ограничување на маржите во продавниците на големо и мало, а како и досега, „ограничените цени“ нема да важат за најмалите пазари, односно оние чија вкупна квадратура е помала од 600 квадратни метри на национално ниво.  Овие мерки ќе важат до 31 јануари следната година. Премиерот Милојко Спајиќ рече дека […]

Црна Гора ги ограничи маржите за основните прехранбени производи


Владата на Црна Гора денеска донесе одлука за ограничување на трговските маржи за повеќе од 500 артикли во големите супермаркети, додека малите продавници не подлежат на оваа одлука. Одлуката ќе стапи на сила на почетокот на април, а ќе важи до крајот на мај, кога се очекува да започне летната туристичка сезона. Како што изјави […]

Симеска Димоска: Се помал бројот на прекршоци кај трговците за маржите


Директорката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), Анета Симеска Димоска денеска соопшти дека сè помал е бројот на прекршоци кај трговците во однос на Одлуката за трговската маржа на основните производи. Симеска Димоска присуствуваше на работниот состанок во Министерството за економија со производителите од прехранбената индустрија и претставниците на најголемите ланци маркети. Таа прифатила, како што […]

Организацијата на потрошувачи останува на барањето да се замрзнат цените на производите


Организацијата на потрошувачи на Македонија(ОПМ) останува на барањето да се замрзнат цените на производите, а не на маржите. Од март годинава постојано добиваат претставки од граѓаните кога влегуваат во супермаркетите, кои реагираат на цените, но и на квалитетот на производите, кои се во фрижидерите. Претседателката на ОПМ, Маријана Лончар-Велкова вели дека претставки веќе имаат, а […]