Град Скопје: Се реконструира главниот мост над Маркова Река, можно отежнато одвивање на сообраќајот


Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. – Реконструкцијата на […]

Општина Аеродром ги повикува жителите да пријават штети од излевањето на Маркова Река


По обилните дождови во изминатите денови, од своето корито се излеа Маркова Река, при што се поплавени и делови по течението во Горно Лисиче. Веднаш по излевањето беше ангажирана механизација што работеше на одводнување на коритото на реката и на заштита од евентуални поплавувања на објектите за домување. В.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, […]

Арсовска објаснува кој е надлежен за Маркова Река


Согласно актуелните акти на Министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот ГУП донесен во време на Коце Трајановски надлежноста за одржување на одводните канали и коритото на реката Маркова Река е во директна надлежност на општина Студеничани и Министерството за животна средина и просторно планирање.  Градот Скопје нема никаква надлежност за постапување на […]

Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром, непроодни патот Горно Лисиче – Долно Лисиче и првиот мост во Батинци


Поради врнежите од дожд, во текот на доцните попладневни и вечерните часови дојдено е до зголемување на нивото на Маркова Река поради што е излеана преку мостот кај населененото место Љубош и низводно и дојдено е до поплавување на неколку куќи, магацини и индустриски објекти во селата Студеничани, Батинци и делови кон Пинтија. Како што […]

Нема опасност за населението од излевањето на Маркова река, уверуваат локалните власти


 Поради обилните врнежи од дожд, Маркова Река се излеа во село Батинци, предизвикувајќи поплави на улиците и дел од домовите. Надлежните служби се на терен и работат на враќање на реката во нејзиното корито, додека локалните власти уверуваат дека нема опасност за населението. Градоначалникот на Студеничани, Азем Садики, вели дека состојбата се санира, во моментов […]

Се излеа Маркова Река, поплави по улиците во Батинци


Попладнево поради обилните врнежи од дожд се излеа Маркова река. поради обилното количество на вода, излеана е раката и предизвикани се поплави на улиците и дел од домовите, објави ТВ21. Во моментов на терен е и механизација која се обидува да го ја врати реката во речното корито. Од УХМР вчера најавија дека особено источните делови […]

Викендов заради санирање на мостот на Маркова Река ќе има времен режим на сообраќај


Викендов заради реализација на проектот за целосно санирање на оштетувањето на мостот на Маркова Река во населбата Драчево, на овој потег ќе биде воведен времен режим на сообраќај, сооптија од Центарот за управување со кризи (ЦУК) повикувајќи се на информација од Центарот за управување и контрола на сообраќајот на Град Скопје. Оштетувањето на мостот ќе […]

Девојче се удави во Маркова река, родителите биле на свадба


Трагедија го зави во црно скопско Батинци. Петгодишно девојче се удави во Маркова река додека нејзините родители биле на свадба, соопшти полицијата. Несреќата се случи вчера околу 15.25 часот во близина на стариот пат за Батинци. Девојчето си играло со другите деца и во еден момент паднало во водата и се удавило. Бадијала биле обидите […]