Бислимоски не очекува поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија


До крајот на месецов или почетокот на следниот месец, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги соопшти цените за пренос и дистрибуција на електричната енергија. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски не очекува било какви поместувања во овој дел. – МЕПСО побара минимално зголемување од 0,67 проценти за пренос на електрична енергија, операторот […]

Инспекцискиот надзор од областа на енергетиката на брза лента: РКЕ и ДПИ ја продлабочуваат соработката


Брза лента за постапување по предметите на кои треба да се изврши инспекциски надзор од областа на енергетиката е целта на Меморандумот за соработка што денеска го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) и Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).  -Со меморандумот за соработка се гради платформа за […]

Состојбата на водоводните претпријатија може да се подобри, ако РКЕ ја определува крајната цена, вели Бислимоски


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) Марко Бислимоски е оптимист дека може да се подобри состојбата на јавните водоводни претпријатија во државата доколку РКЕ ја определува крајната цена за секоја водна услуга. Тоа, како што вели, ќе ги намали загубите на вода и ќе придонесе […]

Цената на парното во Скопје, засега, останува иста, се чека процената на топланите


Скопјани, за сега, куртулија од евентуално поскапување на парното греење, откако денес Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која што го продолжи важењето на постоечките цени на топлинска енергија на трите системи во градот Скопје. Сепак, конечната одлука за цената на парното за наредната сезона ќе биде донесена кон крајот на септември или во […]

Со Меморандум официјализирана долгогодишната соработка меѓу Регулаторните комисии за енергетика на Северна Македонија и Грција


Постулати врз основа на кои ќе се унапреди функционирањето на националните и регионалните енергетски пазари, како и услугите за управување со вода и отпад, меѓу другото се дефинираат во Меморандумот за соработка што претпладнево во Атина го потпишаа Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Северна Македонија (РКЕ) […]

Непречен старт на грејната сеозна – да се стави во функција топловодот под мостот „Беласица“


Непречен старт на новата грејна сезона беше една од темите во фокус на средбата помеѓу претседателот на РКЕ Марко Бислимоски и новоназначениот генерален директор на ЕСМ Лазо Узунчев.  Како што информираат од РКЕ, во присуство на нејзините членови и дел од раководството на ЕСМ се разговарало за активностите на кои компанијата ќе се посвети за […]

Продолжува енергетското Елдорадо: РКЕ издадала лиценци за производство на 179 мегавати од обновливи извори


Од јануари до јули годинава издадени се лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори со вкупна инсталирана моќност од 179,72 MW – покажуваат податоците на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). „Пониски сметки за електрична енергија е клучната причина зошто интересот за инвестиции во обновливи […]

Бислимоски контра пекарите: Големите пекарски компании не земаат струја од ЕВН Хоум, туку на слободен пазар


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, коментирајќи го ставот од претставници од пекарската индустрија дека тие во голем дел зависеле од домашното производство и оти со растот на цената на струјата ќе се зголеми и цената на лебот, порача дека големите пекарски компании се законски обврзани да обезбедуваат електрична енергија на слободниот пазар […]

На сметките за струја ќе има нова ставка – Пристап до мрежа: Интервју со Марко Бислимоски


  Новата цена на струјата се „крчка“, а веќе наредната недела ќе биде соопштена од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Првиот човек на РКЕ, Марко Бислимоски, за „Независен“ открива дека во сметките се подготвува нова ставка, Пристап до мрежа, која  ќе биде покрај постојната за мрежарина. Но, како што уверува, тоа нема да ги […]

Бислимовски вели дека до крајот на месецов 90 отсто од домаќинствата ќе имаат евтина тарифа


Првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски вели дека оние домаќинства кои немаат евтина тарифа на струја ќе почекаат додека да се сетираат нивните мерила.  – Од први декември официјално евтината тарифа се врати кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по […]

Новата цена на парното ќе важи од ноември


Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) до крајот на месецов ќе донесе одлука за цената на парното греење во Скопје што ќе важи од следниот месец, потврди за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Одржавме состанок со трите државни компании на ЕСМ за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија кои реферираа како се одвива стартот […]

Преку енергетска транзиција, од увозник земјава ќе се трансформира во извозник на електрична енергија


Од увозник на електрична енергија земјава преку зелената енергетска транзиција, поттикната од енергетската криза која придонесе за зголемување на инсталираниот капацитет за повеќе од 30 проценти во изминативе години, полека но сигурно се движи во насока да стане извозник, вели во разговор за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. -Регулаторната комисија за енергетика и водни […]

Предлогот Бислимоски да биде уште еден мандат на чело на Регулаторна на пленарна седница


Собранието денеска ја продолжи 120.седница со дебата за Предлогот за именување претседател и членови на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад на Република Северна Македонија. За прв човек на Комисијата е предложен актуелниот претседател Марко Бислимоски, а за членови Александар Чеботарев, Фатон Амбари и Мерита Дема. Пратениците […]

Просечната сметка за струја од 1 јули пониска за 4,26 отсто, доколку ДДВ-то се врати на 18 отсто повисока за 2,5 отсто


Од 1 јули годинава  за 7,04 проценти ќе се намали вкупната цената на електричната енергија во првиот блок со вкалкулирана енергија и мрежарина, во вториот блок ќе биде поевтина за 4,09 проценти, додека во третиот блок ќе има зголемување за 2,54 проценти, а во четвртиот блок цената ќе биде повисока за 2,42 проценти, одлучи денеска […]

Седумнаесет кандидати за претседател на Регулаторната комисија за енергетика


До Владата стагнале 17 апликации за огласот за избор на претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги, потврдија за Независен од Канцеларијата на портпаролот на Владата. Од таму велат дека огласот е завршен. „Примени се 17 успешни апликации на кандидати. Владата на Република Северна Македонија сѐ уште нема расправано по прашањето и нема […]

Годишен извештај на РКЕ за работата во 2022: Блок-тарифите заштедиле 16 отсто струја


Сигурно и континуирано снабдување со енергија и енергенси на сите потрошувачи – е клучната мисија што Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ја реализираше во најтешката година на глобална енергетска криза. Воедно, РКЕ продолжи да ги спроведува реформите во енергетската регулатива, поради што петта година по ред е оцената за најдобар регулатор од […]